Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

ЕЛЕНА СТОЈАНОВА – Бизнис менаџер во БАПАЛ Благој Скопје

Posted on февруари 14, 2020април 6, 2020

ЕСЈН разговараше со Елена Стојанова на повеќе актуелни теми поврзани со јавните набавки. Погледнете го интервјуто во целост !

ЕСЈН : Какво е Вашето генерално мислење по однос на досегашната едногодишна примена на Законот за јавни набавки ?

Елена: Од аспект на учесник во процесот на јавни набавки од страната на економските оператори, во изминатиот период од 1 (една) година, можам да кажам дека активно партиципиравме во овој процес. Она што може да се изведе како еден генерален заклучок тоа е поеднаставување на целиот процес особено кај оедноставените отворени постапки. Времето на подготовка на понудите е значително пократко, но се наметна нов предизвик, а тоа е укажување на договорните органи дека кај овој вид на постапка за докажување на критериумите за квалитативен избор е доволна Изјава за способност.

ЕСЈН: Кои се предностите и недостатоците од ова законско решение во однос на претходното ?

Елена : Веќе 5 години ги применувам одредбите од ЗЈН во праксата, па од тука би можела да истакнам дека забележителен е напредок во повеќе сегменти : транспарентност, достапност, повеќе можности, но она што сметам дека недостасува е сеуште ниското ниво на барани, а неопходно потрени информации при изготвување на тендерските документации од страна на договорните органи. Имам впечаток дека голем број на услови и критериуми во тендерските документациии се базираат на застарени пазарни податоци и недостиг на анализи на пазарот.

ЕСЈН: Какво е Вашето мислење по однос на воведувањето на незадолжителна примена на е-аукција ? Дали тоа во праксата ги дава очекуваните резултати ?

Елена : Најнапред сметам дека електронската аукција во досегашната пракса придонесе до значително намалување на квалитетот. Квалитетот стана прилагодлива категорија , а не минимален услов. Затоа сметам дека воведувањето на незадолжителна електорнска аукција на подолг рок ќе ги даде очекуваните резултати, се разбира доколку договорните органи го дозволат тоа.

ЕСЈН: Дали воведувањето на економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот,  е доволно применуван во досегашната едногодишна пракса или само законска можност без практична примена ?

Елена : Во сегментот на стопанството каде што работам, а тоа се услугите за одржување на хигиена и тековно одржување, неминовно е потребна категоријата мерливост на квалитетот преку системот на бодување. Знаете и законските одредби во голема мера ја ограничуваат цената на услугите преку Законот за минимална плата, па од тука уште повеќе се наметнува потребата од валоризација на квалитетот. Досега тоа не беше случај во оваа 1 (една) година пракса, но се надевам дека во иднина ќе се спознае оваа потреба и ќе се зболеми примената на овој критериум.

Какво е Вашето мислење по однос на транспарентноста на електронскиот систем за јавни набавки преку воведувањето на задолжителните обврски на договорните органи за објавување на годишните планови, склучените договори, изменетите договори, реализираните договори, како и можноста во период до конечност на одлуката да се врши увид во сите документи од постапката за јавна набавка ?

Елена : Знаете, сега се станува јавно достапно и видливо. Сметам дека транспарентноста е на едно високо ниво, каде во конкурентската борба на пазарот на јавни набавки успеваат оние кои вложуваат во своите производи или услуги, а самиот систем преку правната заштита им дава сигурен feedback на оние кои не постапуваат во согласност со закон.

ЕСЈН: Кои се Вашите препораки по однос на унапредување на системот за јавни набавки во целина ?

Елена: Сметам дека субјект (јавен или приватен) треба да ја разбере потребата од континуирано унапредување на системот за јавни набавки, брзо прилагодување на промените кои се случуваат и вложување во знаење и едукација.

Елена Стојанова

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

февруари 2020
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
242526272829  
    Мар »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

февруари 2020
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
242526272829  
    Мар »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!