Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

6-те вештини на економските оператори!

Posted on февруари 18, 2020февруари 6, 2022

ВЕШТИНА 1

Според нашето стручно мислење, една од најважните вештини кои треба да ги има лицето или тимот задолжени за изготвување на понуди по постапки за јавни набавки е токму вештината за анализа на барањата во тендерската документација. Имено, со помош на оваа вештина компаниите (економските оператори) би биле способни да ги спознаваат и  детектираат критериумите, условите и спецификациите на секоја постапка за јавна набавка. Нашата консултантска поддршка преку „смарт сервисите за следење на правната заштита во јавните набавки“ во голема мера ќе Ви помогнат да ја анализирате тендерската документација, преку воспоставената правна пракса и ќе Ви помогне да ја стекнете вештината за анализа на тендерските барања.

Со поседувањето на оваа вештина Вие целосно ќе ги разбирате тендерските барања на секоја одделна постапка, ќе можете да процените што е тоа што потенцијално би можело да влијае на ограничување на конкуренцијата, односно да ја загрози Вашата успешност во постапките за јавни набавки.

Оваа вештина, ние поинаку би ја нарекле “Вештина за обезбедување на успехот“.

ВЕШТИНА 2

Имено, оваа вештина зависи од критериумот за избор на најповолна понуда, кој го одредуваат договорните органи и може да зависи од само од цената, потоа од најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот или пак од трошоците на животниот век.

Со оглед дека во праксата најчесто се употребува цената како единствен критериум, она што Вие треба да го поседувате како вештина на економски оператори е да ја прилагодите вкупната цена на понудата во рамките на генералната ценовна стратегија на Вашата компанија. Во голема мера одлучувачко влијание во ваков случај има позиционираноста и застапеноста на Вашата компанија на пазарот, односно поголема застапеност на пазарот или пазарна доминација, вообичаено би значело помала флексибилност во ценовната политика, а додека пак  помалата застапеност на Вашата компанија на пазарот, вообичаено би значело потреба од поголема ценовна флексибилност.

Вообичаено оваа вештина е поврзана со одговорноста на генералните менаџери, а додека  прагот на рентабилност е долната граница на флексибилност на цената на понудата. Но она на што треба да се внимава при креирањето на цената, тоа е начинот на доделување на договор за јавна набавка кој може да биде во форма на договор за јавна набавка или во форма на рамковна спогодба. Исто така, имајте предвид дека доколку начинот на доделување на договор е рамковна спогодба, тоа може да влијае на зголемување на цената во случај доколку се бара континуирана достапноста на залиха на производи од широка и некомерцијална палета на производи.

ВЕШТИНА 3

Колку често како компанија (економски оператор) сте се соочиле со постапка за јавна набавка во која веќе поставените критериуми, услови или спецификации во истата ја ограничуваат Вашата можност за учество ? Сте се запрашале ли дали тоа е во согласност со законот за јавни набавки ?

Претпоставуваме дека одговорот на повеќето компании (економски оператори) е дека тие се соочиле со таква ситуација и не се сигурни дали е тоа во согласност со законот. Вештината за “реакција“ по однос на дискриминирачки или незаконски критериуми, услови или спецификации е од големо значење за Вашата успешност во процесот на јавни набавки.

Нашиот совет е „Не ја губете надежта на стартот од постапките за јавни набавки!“. Имате можност да го промените она што не е во согласност со законот, а уште повеќе што законот за јавни набавки посветува големо внимание на малите и средни претпријатија и налага деливост на постапките за јавни набавки со цел поголема партиципација на истите.

ВЕШТИНА 4

Подготовката на понудата за постапка за јавни набавки е многу сериозна активност за компаниите (економски оператори) и бара посебно внимание од една страна на техничките барања (критериуми, услови и спецификации), а од друга страна на формално-правната исправност на истите. Затоа вештината која се однесува на формално-правната авторизација ќе Ви овозможува превенција од пропусти кои би можеле да влијаат на успешноста. Така во праксата деливоста на постапката, начинот на доделување на договорот, здружувањето во форма на групна понуда или техничка поддршка можат да ви создадат проблеми од формално-правна природа.

Затоа, пред да ја поднесете понудата задолжително проверете и авторизирајте ја формално-правната “исправност“ на понудата.

ВЕШТИНА 5

За  секоја постапка за јавна набавка неопходно е да постои лице/а кои ќе бидат задолжени да обезбедат квалитет на понудата во облик како што е баран од договорниот орган. Вообичаено, овие лица се одговорни за координација на активностите во врска со поднесувањето на понудата, следење на роковите, измените и дополнувањата, препраќање на стручни барања до соодветните стручни служби и слично.

Едноставно, преку оваа вештина потрено е да и овозможите на Вашата компанија (економски оператор) да биде координирана во процесот на поднесување на понудите, а со цел обезбедување на квалитетна понуда и успешен тендер.

ВЕШТИНА 6

Знаењето на правната заштита во јавните набавки е огромно. Правната заштита во јавните набавки влијае на основните начела во овој процес и обезбедува: трнаспарентност, конкурентност, економичност, ефикасност, недискриминација итн.  Затоа вештината за правна заштита во процесот на јавните набавки ќе Ви помогне да ја осигурате Вашата успешност во овој процес. Имено, навременото и основано остварување на правото на жалба, независно во која фаза од постапката, може да значи многу за Вашата успешност на тендерот.

Правната заштита не претставува игра на среќа, туку исклучителна вештина која покрај тоа што влијае на обезбедување на интегритетот на постапките за јавни набавки, исто така влијае и на Вашата успешност на истите .

Конечно, клучно е да се осигурате дека Вашата компанија (економски оператор) ги поседува сите овие вештини и да пристапите кон трансформација на “неизвесните понуди“ во УСПЕШНИ ПОНУДИ !

д-р Ненад Николовски

Консултант за јавни набавки – СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

февруари 2020
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
242526272829  
    Мар »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

февруари 2020
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
242526272829  
    Мар »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!