Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Жалбата како корисна “алатка“ за економските оператори !

Posted on февруари 21, 2020февруари 6, 2022

Дали знаевте дека согласно новиот закон за јавни набавки, жалбите Ви се исклучително корисна “алатка“ за Вас како економски оператор ?

Еве неколку причини зошто:

ПРИЧИНА 1 : Надоместокот за водење на правната постапка во јавните набавки е двојно понизок од претходно !

Имено, согласно член 165 став 1 од Законот за јавни набавки (Службен весник 24/2019)надоместокот за водење на постапката зависи од висината на Вашата понуда, и тоа:

  • За понуда до 10.000 евра во денарска противвредност, надоместокот е 50 евра во денарска противвредност,
  • За понуда од 10.000 до 70.000 евра во денарска противвредност, надоместокот е 100 евра во денарска противвредност,
  • За понуда од 70.000 до 130.000 евра во денарска противвредност, надоместокот е 150 евра во денарска противвредност или
  • За понуда над 130.000 евра во денарска противвредност, надоместокот е 200 евра во денарска противвредност.

Оваа законска новина Ви дава можност како економски оператор без поголеми финансиски потешкотии да изјавите жалба по јавна набавка. Иако, по секоја “успешно“ одлучена жалба, овој надомест Ви се “рефундира“, сепак ова сигурно повеќе ќе Ве мотивира да ја употребувате оваа можност.

ПРИЧИНА 2: Жалбените основи се повеќе насочени кон економските оператори !

Овој закон има за цел да ги мотивира економските оператори да ја употребуваат правната заштита во процесот на јавни набавки, меѓу другото и како превентивна мерка за спречување на корупција. Имено, покрај правната заштита и управната контрола е во насока на превенција од потенцијални злоупотреби.

Насоченоста на правната заштита кон економските оператори може да се согледа и преку тоа што истата за разлика од претходно, зависи од видот на постапката за доделување на договор за јавна набавка. Па така, доколку Вие како економски оператор сакате да остварите правна заштита, тоа можете да го направите во различна фаза од постапката во зависност од тоа дали се работи за отворена постапка, ограничена постапка или постапка со преговарање.

На ваков начин, Ви се даваат повеќе можности кои во суштина зависат од спецификата на постапката за јавна набавка од аспект на нејзиниот вид.

Па така, секој “паметно“ искористен жалбен основ, значи поголема можност за Ваша успешност во процесот на јавни набавки.

ПРИЧИНА 3: Извршувањето на договорот сега е обврска на договорниот орган, па така и секоја негова измена дава можност за правна заштита !

За разлика од претходното законско решение кое не беше насочено кон извршувањето на договорот, ова законско решение настојува да ги мотивира економските оператори да преку податоците од договорните органи за квалитетното и навремено извршување на договорот бидат запознаени за не/професионалноста на нивните конкуренти. Имено, преку задолжителната законска обврска за следење на реализацијата на договорите за јавни набавки, сега договорните органи имаат нови обврски за известување во врска со извршувањето на договорот.

На таков начин, на Вас како економски оператори, Ви се дава можност доколку утврдите одредени суштински отстапувања во извршувањето на договорите, од оние кои биле барани како критериуми и услови во тендерската документација, да ја употребите правна заштита.

Не ја заборавајте оваа “алатка“, која може да биде исклучително корисна за Вашата компанија.

ПРИЧИНА 4 : Дури и несоодветното одговарање на Вашите прашања или барања за појаснување или барања за измени на тендерската документација, се правен основ за изјавување жалба !

Сигурно, знаете дека во досегашната праксата за јавни набавки голем број договорни органи ги “игнорираа“ Вашите прашања или барања за измени на критериумите или условите во тендерската документација. Тоа повеќе не треба да биде пракса !

Имено, новиот закон Ви дава можност по однос на ова дејствие, да изјавите жалба со цел да добиете соодветно образложение од договорниот орган за неговото прифаќање или неприфаќање на Вашите прашања или барања.

Затоа Ве мотивираме, секогаш кога ќе имате потреба, употребувајте ги прашањата и барањата за измени на тендерските документации, на стручен и професионален начин и прилагодени кон природата на предметот на набавка.

Со сигурност ефектот од оваа “алатка“ ќе биде позитивен за Вашата компанија.

ПРИЧИНА 5 : Дури и во случај на склучување договор без претходно спроведување постапка за јавна набавка имате право на жалба !

Доколку располагате со податокот дека од страна на договорен орган е доделен договор за јавна набавка без претходно спроведување постапка за јавна набавка, во рок од 60 дена од сознанието за таквиот договор или не подолго од истекот на рокот од шест месеци од денот на склучување на договорот, имате право на жалба по однос на истиот.

На овој начин, законот Ви дава прилично широка можност за правна заштита која треба да произлезе како резултат на зголемената транспарентност на системот за јавни набавки во целина, која се обезбедува со овој закон.

Конечно, жалбите можат да бидат исклучително корисна “алатка“ за Вас како економски оператор со која ќе ја подобрите успешноста на Вашата компанија во процесот на јавни набавки, како и ќе влијаете на зголемување на транспарентноста, конкурентноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за јавни набавки во целина.

Со почит,
д-р Ненад Николовски
Консултант за јавни набавки
Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

февруари 2020
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
242526272829  
    Мар »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

февруари 2020
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
242526272829  
    Мар »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!