Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

ЈАСМИНА БОЈКОВСКА – Советник за јавни набавки во Центар за јавно здравје Скопје

Posted on март 31, 2020април 7, 2020

ЕСЈН разговараше со Јасмина Бојковска на повеќе актуелни теми поврзани со јавните набавки. Погледнете го интервјуто во целост!

ЕСЈН: Какво е Вашето генерално мислење по однос на досегашната едногодишна примена на Законот за јавни набавки ?

Јасмина: Практиката од досегашното спроведување на постапките за јавни набавки и имплементацијата на новиот Закон за јавни набавки укажува на фактот дека одредени измени позитивно се одразуваат во процесот на спроведување на постапките, во смисла на поедноставување на истите, па се до крајна спротивност, односно соочување со проблеми како резултат на измена или потполно изземање на одредени законски одредби.

ЕСЈН: Кои се предностите и недостатоците од ова законско решение во однос на претходното ?

Јасмина: Измените и новините од различен аспект може да се анализираат и како предности и како недостатоци, во зависност од предметот на набавката. Зголемените вредносни прагови во однос на видовите на набавка и документацијата која треба или може да се бара во зависност од видот на постапка, од една страна може да се дефинира како поедноставување и олеснување на процесот, како за економските оператори така и за договорните органи, но од друга страна како недостаток во однос на можност за “манипулација“ од страна на економските оператори.

ЕСЈН: Какво е Вашето мислење по однос на воведувањето на незадолжителна примена на е-аукција ? Дали тоа во праксата ги дава очекуваните резултати ?

Јасмина: Иако е-аукцијата со новите измени е незадолжителна, во процесот на доделување на договори, голем број на договорни орган сметам дека истата ја применуваат при спроведување на сите предмети на набавка. Според мое лично мислење јас лично секогаш настојувам да се спроведуваат со електронски аукции, од едноставна причина бидејќи моето мислење е дека на таков начин економските оператори даваат понуди со нереални цени, по неповолни од пазарните, токму поради истата причина, негативно наддавање.

ЕСЈН: Дали воведувањето на економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот,  е доволно применуван во досегашната едногодишна пракса или само законска можност без практична примена ?

Јасмина: Лицата кои работат со јавните набавки пред последната измена од 01.04.2019 година, скоро и да заборавија на критериумот економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот од причина што во времето на постоење на Советот за јавни набавки беше скоро и невозможно да се добие одобрување за спроведување на постапки каде што ќе се избира најповолен понудувач врз база на овој критериум. Праксата покажува дека особено за одредени предмети на набавка е пожелен и неопходен овој критериум, па верувам дека во иднина, договорните органи, односно лицата кои работат со јавните набавки се повеќе ќе се охрабруваат да го изберат истиот.

ЕСЈН: Какво е Вашето мислење по однос на транспарентноста на електронскиот систем за јавни набавки преку воведувањето на задолжителните обврски на договорните органи за објавување на годишните планови, склучените договори, изменетите договори, реализираните договори, како и можноста во период до конечност на одлуката да се врши увид во сите документи од постапката за јавна набавка ?

Јасмина: Со воведувањето на задолжителните обврски во однос на сите горенаведени измени, транспарентноста на системот за јавни набавки е значително подобрена, но сепак сметам дека недостига дополнителна контрола на спроведените постапки, односно проширување на употребата на управната контрола од страна на Бирото за јавни набавки во делови каде сега нема задолжителна примена.

ЕСЈН: Кои се Вашите препораки по однос на унапредување на системот за јавни набавки во целина ?

Јасмина: Усогласување на електронскиот систем за јавни набавки со новиот Закон за јавни набавки во целост. Имено, во електронскиот систем за јавни набавки се останати поими и опции кои веќе не се применливи и се согласно стариот Закон, а истите предизвикуваат забуна како кај економските оператори така и кај договорните органи. Препорачувам изработка на нов Прирачник за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи.

Јасмина Бојковска

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

март 2020
П В С Ч П С Н
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
« Фев   Апр »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

март 2020
П В С Ч П С Н
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
« Фев   Апр »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!