Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Данијела Ќурчиева – АРМОР ПЛУС

Posted on април 1, 2020декември 15, 2021

ЕСЈН разговараше со Данијела Ќурчиева на повеќе актуелни теми поврзани со јавните набавки. Погледнете го интервјуто во целост !

ЕСЈН: Какво е Вашето генерално мислење по однос на досегашната едногодишна примена на Законот за јавни набавки?

Данијела: Законот за Јавни набавки е жива материја која континуирано треба да се следи, подобрува и прилагодува. Во наш заеднички интерес е средствата кои договорните органи ги планираат да бидат потрошени на најадекватен и најтранспарентен начин. Промените во Законoт за јавни набавки ги сметам како корисни, бидејќи со нив се овозможија низа олеснувања во повеке аспекти, како за договорните органи така и за економските оператори. Меѓутоа, сметам дека некои од нив минимално се  применуваат во праксата. Причината за тоа ја гледам во недоволната едукација на лицата кои ја работат ова проблематика која предизвикува несигурност при работењето.

ЕСЈН: Кои се предностите и недостатоците од ова законско решение во однос на претходното?

Данијела : Moже многу да се дискутира на оваа темa, во зависност дали гледате од страната на договорните органи или економските оператори. Предности кои би ги издвоила е можноста да се употребува цената и квалитетот како критериумот за избор на најповолна понуда, што овозможува да се вреднуваат и други карактеристики, а не само цената. Би ја издвоила и незадолжителната употреба на електронската аукција. Како недостатоци би ги издвоила укинувањето на праксата да се објавува проценетата вредност на постапката. За нас како економски оператори, тоа е битен податок при одлуката дали ќе учествуваме во одредена постапка, како ќе ги пресметаме ризиците, каква понуда ќе изработиме, колку трошоци можеме да поднесеме, кој начин на финасирање ќе одбереме. Стравот на договорните органи дека со објава на овој податок е шанса за економските оператори повеќе да заработат е неоснован. Ако може да се нарече недостаток, би ги навела сите недоречености и нејаснотии во законската рамка, како и различните толкувања на Бирото за јавни набавки од една и Комисијата за жалби по јавни набавки од друга страна. Сите недоречености мора да се забележуваат и да се корегираат, во спротивно се остава простор за манипулации (или сомневања за манипулации) од секаков карактер.

ЕСЈН: Какво е Вашето мислење по однос на воведувањето на незадолжителна примена на е-аукција ? Дали тоа во праксата ги дава очекуваните резултати ?

Данијела: Како што реков предмалку воведувањето на незадолжителна е-аукција за мене е голема предност како економски оператор, бидејќи мислам дека со можноста за објавување на тендерски документации каде што не се спроведува електронска аукција, економските оператори ќе можат да ги искажат своите реални цени. Според моето искуство, можноста да ја дадете вашата најдобра цена без да имате можност да ја корегирате истата би била најреална понуда од секој економски оператор. Но сепак сметам и дека ваквото воведување не ги дава очекуваните резултати бидејќи многу малку договорните органи ја користат оваа можност.  

ЕСЈН: Дали воведувањето на економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот,  е доволно применуван во досегашната едногодишна пракса или само законска можност без практична примена ?

Данијела: Воведувањето на економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот е одлична можност за добивање на договори кои ќе бидат поквалитетни, но мислам дека не е доволно применуван во праксата бидејќи договорните органи или се плашат да го користат ( поради одговорноста при одлучувањето ) или поради недоволна информираност (немаат искуство, немаат доволно информации, недоволно познавање на законските можности).

ЕСЈН: Какво е Вашето мислење по однос на транспарентноста на електронскиот систем за јавни набавки преку воведувањето на задолжителните обврски на договорните органи за објавување на годишните планови, склучените договори, изменетите договори, реализираните договори, како и можноста во период до конечност на одлуката да се врши увид во сите документи од постапката за јавна набавка ?

Данијела: Секако дека е зголемена транспарентноста со објавувањето на годишните планови, склучени договори, како и преку досие на постапки можеме да ги видиме сите документи на економските оператори по донесување на избор на најповолна понуда. Со тоа повредите при евалуација од договорните органи се значително намалени или можат да бидат корегирани.

ЕСЈН: Кои се Вашите препораки по однос на унапредување на системот за јавни набавки во целина?

Данијела: Сметам дека за унапредување на системот за јавни набавки е потребно поголема и поквалитетна едукација како на договорните органи, така и на економските оператори. На тој начин, сите би придонесувале со свои сугестии, искуства и препораки. Наша заедничка цел е системот континуирано да се подобрува и да ни олеснува при работата. Системот треба да создава алатки кои ќе ги следат потребите на сите корисници, впрочем затоа и постои.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

април 2020
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мар   Јул »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

април 2020
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мар   Јул »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!