Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

д-р Ненад Николовски – Консултант за јавни набавки во СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Posted on април 1, 2020април 7, 2020

ЕСЈН разговараше со д-р Ненад Николовски на повеќе актуелни теми поврзани со јавните набавки. Погледнете го интервјуто во целост !

ЕСЈН : Какво е Вашето генерално мислење по однос на досегашната едногодишна примена на Законот за јавни набавки ?

Ненад: Во изминатиот период од една година од примената на ЗЈН, како договорните органи, така и економските оператори се соочуваа со многу нови предизвици во примената на новото законско решение. Најнапред постоеше еден вид на “страв“ од примена, што резултираше со многу мал број на огласи во период април – јуни 2019 година, а потоа и голем број на пропусти при практичната примена.

ЕСЈН: Кои се предностите и недостатоците од ова законско решение во однос на претходното ?

Ненад : Моето лично мислење е дека новото законско решение нуди поголем број предности. Имено, во голема мера се зголемија вредносните прагови за примена на постапките за јавни набавки, се овозможија потребните предуслови за “мерливост на квалитетот“, целосно се дигитализираше процесот на јавни набавка дури и во делот на правната заштита, се дадоа дополнителни можности од аспект на транспарнтноста и многу други предности.

Од друга страна, еден голем недостаток можеби не директно на законското решение, повеќе на неговата примена е тоа што голем број на договорни органи сеуште не се подготвени во целост да ги применуваат законските одредби кои ќе придонесат до значителна пазарна конкуренција, поддршка на мали и средни претпријатија, инклузивност на социјалните категории во системот, еколошките стандарди итн. Останува огромен потенцијал кој го дозволува ова законско решение како неискористен.

ЕСЈН: Какво е Вашето мислење по однос на воведувањето на незадолжителна примена на е-аукција ? Дали тоа во праксата ги дава очекуваните резултати ?

Ненад : На ова прашање би сакал да одговорам што е можно по директно. Можноста е одлична да се избегнат нереално ниските и непазарни цени во постапките за јавните набавки, но сеуште е далеку од доволно нивото на очекуваниот од потенцијално возможниот резултат на ова поле. Претстои напорен период, најнапред на поголема едукација, поголем број на анализи и препораки кои во суштина ќе не водат во вистинската насока.

ЕСЈН: Дали воведувањето на економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот,  е доволно применуван во досегашната едногодишна пракса или само законска можност без практична примена ?

Ненад : Знаете, главната тема на разговор пред точно една година во однос на тогаш најавувањето на новиот закон за јавни набавки беше токму примената на економски најповолна понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот. Но, за жал оваа примена во праксата остана исклучиво на постапките каде законот и не дозволува единствен критериум само цена, односно во предметите на набавка на услуги и тоа: консултантски, услуги за превод, архитектонски и инжинерски. Тука во праксата се застана. Ретки се и можат да се издвојат само исклучително мал број на договорни органи кои го применуваат овој критериум. Да не зборуваме за примената на принципот на исплатливост, односно на трошоците на животен век, за кое нешто сметам дека е потребно да помине долго време. Не треба да се заборави да се спомене и улогата на Бирото за јавни набавки во целиот овој процес, за кое сметам дека треба да биде значително подиректно, поконкретно и конечно целисходно за системот на јавни набавки во целина.

Какво е Вашето мислење по однос на транспарентноста на електронскиот систем за јавни набавки преку воведувањето на задолжителните обврски на договорните органи за објавување на годишните планови, склучените договори, изменетите договори, реализираните договори, како и можноста во период до конечност на одлуката да се врши увид во сите документи од постапката за јавна набавка ?

Ненад : Една од новините каде што директно и веднаш се постигна многу од аспект на транспарентноста е токму можноста за увид во т.н досие на постапки. Всушност, ова претставува една моќна алатка на располагање на економските оператори во процесот на правната заштита. Ја поздравувам одлучноста на сите инволвирани страни да се запази едно од суштинските начела на законот за јавни набавки, а тоа е транспарентноста која сметам дека ќе ги даде очекуваните резултати на долг рок и во делот на непостоење на судир на интереси, корупција итн.

ЕСЈН: Кои се Вашите препораки по однос на унапредување на системот за јавни набавки во целина ?

Ненад: Јавните набавки се поле каде речиси се зависи од квалитетот на човечкиот фактор. Затоа и унапредувањето на системот налага неопходна едукација, споделување (размена) на искуства, консултации со стручни лица и исклучително професионален пристап. Тоа што всушност esjn.mk го нуди на сите нас!

д-р Ненад Николовски

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

април 2020
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мар   Јул »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

април 2020
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мар   Јул »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!