Динамичната природа на јавните набавки ја наметнува потребата од континуирано следење на актуелностите и новините во системот за јавни набавки. Од тука, препознавајќи ја оваа потреба како и функционалноста на системот за јавни набавки преку Е-ПАЗАР кој планирано е да започне од 01.01.2021 година, организираме обука на тема „ Електронски пазар на набавки од мала вредност Е – Пазар“, која ќе се одржи на 26.11.21г. (петок) со почеток од 10.00 часот.
Во прилог АГЕНДА и ПРИЈАВЕН ЛИСТ.
Со донесувањето на Законот за јавни набавки во 2019 година беше предвидено да профункционира т.н пазар на набавки од мала вредност кој неколку пати се пролонгира и конечно од 2022 година новата дигитална платформа Е-пазар за набавки од мала вредност се планира да профункционира во реалност. Од тука, се отворија многу дилеми околу начинот на користење на истата.
За таа цел, Друштвото за консалтинг и услуги Смарт Консалтинг Солушнс Скопје Ви нуди обука за практична примена на Е – пазарот на набавки од мала вредност. На обуката ќе се дискутира за конкретни примери и начини на имплементација на новата дигиталната платформа.
Го очекуваме Вашето присуство.