Договори со фиксна цена
Доколку цените во времетраење на договорот се непроменети тогаш станува збор за Договор со фиксна цена. Сепак, кај овие договори можат да се употребаат и опции на т.н плафонски цени или опција на т.н целна цена или и двете. Исто така, потребно е да се има предвид фактот дека договорите со фиксна цена, предвидуваат ризик кој подеднакво е распределен кај двете договорни страни по однос на промена на цената. Ова се должи на фактот што овие договори не се засноваат на количината, времето или потрошените ресурси.
Договори за време и материјали
Овие договори е прилично јасен. За ваков договор, владата утврдува т.н стапка на работна сила на час, ги проценува трошоците за материјалите и го утврдува “плафонот на цената“. Ако можете да ги обезбедите услугите во рамките на планираниот буџет, ова е фантастична опција. Тука можат да се посочат како пример и договорите за итни служби кои се вообичаено краткорочни и кои предвидуваат носителот на договор да испорача само работна сила, а не и материјали, па истите се познати како договори за работно време.
Договори за надомест на трошоците
За разлика од договорите со фиксна цена договорите за ангажман и надомест на трошоците го ставаат во поголем ризик договорниот орган. Најчесто, овие договори се наменети за истражување и развој, а далеку помалку за набавка на реални стоки или услуги.
Договорите за надоместување на трошоците се поделени во бројни подкатегории, вклучувајќи ги и трошоците/споделувањето на трошоците, трошоците плус фиксна такса, таксата за доделување трошоци плус и договорите за стимулативна такса за трошоците плус.
Некои од нив имаат минимален и максимален опсег на плаќање, а додека други се пофлексибилни.
Договори за стимулација
Договорот за стимулација се заснова или на договор за надомест на трошоци или на договор со фиксна цена со дополнителни стимулации. За пример, доколку се појави проблем со прекин на јавниот сообраќај, договорните органи може да доделат стимулативен договор на економскиот оператор кој може брзо да го реши проблемот. Ако економскиот оператор го заврши овој “проект“ пред предвиденото време, може да се квалификува и за дополнителен бонус.
Договори за неопределена испорака и количина
Договорните органи не секогаш можат да проценат што точно им е потребно. На пример, тие можеби не се свесни за точните количини на материјал што им се потребни или за потребното време за реализација на одредена услуга.
Токму овие договори се најприлагодливите договори за јавни набавки. Тие се доделуваат кога договорниот орган не е сигурен колку артикал или услуга ќе му бидат потребни. Тие се исто така се познати како договори за нарачка на задачи или договори за нарачка на испорака.
*Статијата е превземна и преведена од: https://www.govconwire.com/faq/what-are-the-five-major-categories-of-government-contracting/.