Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Кои се препораките на невладиниот сектор од спроведениот мониторинг на јавните набавки ?

Posted on јануари 8, 2022февруари 6, 2022

Во време на Ковид 19 пандемија, системот за јавни набавки во нашата земја се соочува со бројни предизвици кои не ни беа познати претходно. Но, во генарална смисла она што го одбележа целиот овој “пандемиски период“ е постоење на потребата од изнаоѓање на законски механизми за поголема “промптност“ на процесот на јавни набавки, но она што може да се забележи е и тешкото изоставување на веќе стекнатите “лоши“ навики од праксата .

Па така, и Центарот за граѓански комуникации во еден од своите извештаи нотира низа забелешки, но она што сметаме дека е битно да се истакне е тоа дека е наопходно да се изнајде решение за надминување на постојните состојби кои негативно влијаат на системот за јавни набавки. Од тука, Ви ги пренесуваме клучните препораки нотирани во Извештај во сенка за јавните набавки во Северна Македонија во 2021 година кои се однесуваат токму на надминување на забележаните недостатоци во системот за јавни набавки .

ПРЕПОРАКА 1 – Сите чинители во јавните набавки и на институционално и на системско ниво да работат засилено врз целосна и доследна примена на законската регулатива за јавните набавки во насока на целосно почитување на законитоста и искористување на потенцијалите за спроведување на јавните набавки според основните принципи. Во крајна линија, сите треба да работат врз тоа набавките да бидат законски, рационални и исплатливи.

ПРЕПОРАКА 2 – При изборот на најповолната понуда, институциите да користат и други елементи покрај
најниската цена, земајќи ги предвид и квалитетот, трошоците на користење итн. Во оваа насока потребни се зачестени и помасовни наменски обуки, како и соодветни прирачници за примена на законот.


ПРЕПОРАКА 3 – Преиспитување на честото користење на електронската аукција и нејзина примена само онаму каде што преку претходна анализа ќе се докаже дека давала и ќе дава резултати, пред сè за производи со стандарден или добро опишан квалитет.

ПРЕПОРАКА 4 – Правилно утврдување и детално образложување на потребите за набавките.

ПРЕПОРАКА 5 – Истражување и консултирање на пазарот пред да се донесат плановите за јавни набавки за поточно определување на предметот на набавка, на проценетата вредност и за попрецизна изработка на тендерската документација и техничката спецификација.

ПРЕПОРАКА 6 – Навремено, редовно и целосно објавување на сите информации и документи поврзани со јавните набавки и на Електронскиот систем за јавни набавки и на интернет-страниците на институциите.

ПРЕПОРАКА 7 – Изработка на внатрешни процедури за јавни набавки во коишто ќе се опфатат процесите и чекорите во коишто постојат засилени ризици од корупција, како што се определување на потребата од набавката; утврдување на видот, количината, квалитетот и рокот на набавката; начинот на изработка на тендерската документација, особено на условите за учество на фирмите, како и на техничката спецификација; евалуацијата на понудите; користењето надворешни лица во тендерските постапки; склучувањето на договорите и нивното менување и реализација итн.

ПРЕПОРАКА 8 – Поголема контрола на целиот циклус на јавните набавки и на ниво на институции, и на системско ниво. На институционално, преку внатрешно регулирање на набавките, нивно следење и санкционирање за неправилностите, а на системско ниво, преку засилување и проширување на управната контрола и почеста и поефикасна координација и соработка меѓу институциите во системот за борба против корупцијата во јавните набавки, со можност дури и за институционализирање на таа соработка.

ПРЕПОРАКА 9 – Целосно спроведување на антикорупциските мерки во јавните набавки предвидени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 и во Националниот план за Партнерство за отворена власт 2021 – 2023.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
« Дек   Фев »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
« Дек   Фев »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!