Универзитетот во Рим - Тор Вергата, заедно со Факултетот за економија, ја започна седмата глобална конференција за набавки што оваа година ќе се одржи на 5-ти и 6-ти јули во Рим - Вила Мондрагоне. Целта на Глобалната конференција за набавки е да се подигне свеста за глобалните импликации од заедничките одлуки во однос на тоа што, како и за кого се набавува преку процесот на јавните набавки. Овој настан е поддржан од Европската банка за обнова и развој, а наистиот се добредојдени сите експерти од меѓународни финансиски институции и регулаторни тела, креатори на политики, економисти, инженери, адвокати и набавувачи кои се собираат на една многу потребна дебата поврзана со прашања за иновации, конкурентност, одржливост и регулативата во јавните набавки ширум светот. Еве дел од темите: Сесија за национални јавни набавки - Економии во развој: кои јавни набавки? - Оптимално менаџирање со националните јавни набавки Сесија за одржливи набавки - Борба против климатските промени со јавни набавки - Загриженост за здравјето и безбедноста во јавните набавки Сесија водена од податоци - Напредокот во дигиталните јавни набавки - Утврдување и мерење на општественото влијание на јавните набавки
Дознајте повеќе на http://globalprocurement.org/.