Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Одржливи Јавни Набавки (Sustainable Public Procurement)

Posted on јануари 26, 2022февруари 6, 2022

Со донесувањето на постојното законско решение од 2019 година, поточно Законот за јавни набавки (Службен Весник бр.24/2019) се имаше за цел да се внесат две генерални компоненти во македонското законодавство.

Првата компонента се однесуваше на дополнително прилагодување и приближување на македонското законодавство до ЕУ законодавството и она што го предвидуваат Директивите на Европската Унија од 2014 година.

Втората компонента и можеби најбитна компонента беше овозможување на практична примена на суштински битните одржливи, зелени, иновативни и општествено одговорни процеси на јавни набавки.

Но, што се случи во праксата?

Она што претставува прва компонента, во голема мера може да заклучиме дека е исполнета, вклучувајќи го тука и донесувањето на посебно законско решение за набавките од областа на одбраната и безбедноста, но дали втората и по наше мислење најбитна компонента, воопшто го виде светлото на денот ? Одговорот е: „Ниту одблиску практичната примена на новото законско решение не е во насока на одржливи, зелени, иновативни, социјално  и општествено одговорни практики во областа на јавните набавки.“

Дефинирање на одржливи јавни набавки (Sustainable Public Procurement)

Одржливите јавни набавки (ОЈН) претставуваат процес со кој јавниот сектор (договорните органи) се обидуваат да постигнат соодветна рамнотежа помеѓу трите столба на одржливиот развој и тоа: економскиот, социјалниот и еколошкиот. Одржливоста на јавните набавки потребно е да се настојува да биде постигната во сите фази на реализација на јавната набавка.  

Во рамките на Европската Унија, се применува поширок пристап за одржливост, кој исто така се однесува на економските и социјалните аспекти, кои се дел од Директивите за јавни набавки од 2014 година и кои обезбедуваат нови можности за промовирање на социјалната вклученост преку процесот на јавни набавки.

Но, да се задржиме на македонската пракса за јавани набавки од денешна перспектива.

Кои фактори влијаат на дискурсот кој моментално пости во македонската пракса со она што е ЕУ “актуелно“ ?

  • Првиот фактор е исклучително слабата и “незаинтересирана“ улога на Бирото за јавни набавки (БЈН) во промовирање на “новите трендови во јавните набавки“. Поточно, во изминатиот период од страна на надлежното (БЈН) воопшто не беше подигната актуелноста на темата „Општествено Одговорни Јавни Набавки“, а во таа смисла од практичарите (стручните лица за јавни набавки во договорните органи) не можеше да биде препознаена неопходноста од придвижување кон новите современи трендови во јавните набавки
  • Вториот фактор, е недоволната едукација на јавниот и приватниот сектор за актуелноста и важноста на темата „Општествено одговорни или оддржливи јавни набсвки“, нивното значење за македонското општеството.
  • Трет фактор, е недостигот на стручни и компетентни “лидери“ во сверата на јавните набавки, кои ќе ја наметнат актуелната тема на одржливите јавни набавки, како и недостиг на практичари кои ќе ги придвижат процесите за соодветна имплемантација на одржливите политики во праксата.
  • Владините политики во социјалната свера и животната средина се четвртиот фактор, поточно донесените мерки од оваа свера не беа интегрирани и во контекст на правилото „Доколку нешто сакаш да промениш, докажи дека си подготвен да се промениш најнапред ти и биди пример за следбениците“. Ова во смисла на јавните набавки би значело, доколку општествените случување во однос на заштита на животна средина и социјални политики се промовираат преку примерите во јавните набавки каде државата е носител на процесите на промена на општествената свесност, тогаш приватните компании истото ќе го следат.
  • Петиот фактор кој влијаеше на отстапување од глобалните трендови на одржливи набавки е “стравот од нешто ново“ кое значи повеќе административен ангажман и во крајна смисла поголемо истражување на пазар и следење на добрите глобални практики. Во праксата секој дополнителен ангажман на лицата стручни за јавни набавки не е валоризиран, па од тука и мотивираноста за промени е мала или воопшто не постои.
  • Шестиот, исклучително битен фактор е темата на корупција во областа на јавните набавки која постојано прикриено се провлекува низ “иглени уши“. Корупцијата е во директна колизија со концептот на одржливи јавни набавки. Од тука, неопходни се мерки со кои ќе се докаже нејзината “неисплатливост“.

Конечно, сите заеднички потребно е да работиме во насока на подигнување на актуелноста на оваа тема, а со тоа и подигнување на свесноста за неопходност од нејзина примена во праксата.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
« Дек   Фев »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
« Дек   Фев »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!