Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Иновативни Jавни Набавки (Innovative Public Procurement)

Posted on јануари 30, 2022јуни 10, 2022

Иновативни Jавни Набавки (Innovative Public Procurement) во македонската пракса се речиси непознати, но праксата во Европската унија и земјите членки бележат растечки тренд како во актуелизацијата на важноста на иновациите “мотивирани“ од јавниот сактор, така и во практичната примена на иновации финансирани од државата. Опфатноста на Иновативните Јавни Набавки е детерминирана од предметот на набавка и тоа во зависност од тоа дали се работи за: набавка на процес на иновација во форма на услуга за истражување и развој или набавка на резултати од иновации кои се создадени во приватниот сектор.

Видови на иновативни јавни набавки

Од горедефинираната опфатност на иновативните јавни набавки може да се заклучи дека во праксата постајат два вида на иновативни јавни набавки и тоа:

  • Предкомерцијални Набавки (Pre Commercial Procurement) и
  • Јавните Набавки на Иновативни Решенија (Public Procurement of Innovative Solutions)

Предкомерцијални Набавки (Pre Commercial Procurement) вообичаено се однесуваат на набавки на услуги за истражување и развој, а истите се вршат врз основа на потребите кои ги има јавниот сектор, поточно договорниот орган кој ја спроведува јавната набавка.

Јавните набавки на иновативни решенија (Public Procurement of Innovative solutions) од друга страна се однесуваат на набавки на готови иновативни решенија кои сè уште не се достапни во широка комерцијална употреба и му овозможуваат на јавниот сектор да ги модернизира сопствените услуги со решенија со поголема вредност за парите, а од друга страна на економските оператори им нудат можности за раст.

Како во праксата би требало да функционираат јавната набавка на иновативни решенија ?

Првиот чекор се однесува на проценување на потребите на пазарот од иновативно решение, поточно проценка на потенцијалот од пазарна апсорпција на иновацијата. Потребен е голем обем на пазарна апсорпција за понуденото решение да биде “стимулирано“ од државата.

Втор чекор, се однесува на “изразување“ на намера од страна на договорните органи да се купат одредени иновативни решенија, доколку понудувачот истото може да го испорања на пазарот со однапред дефинирани барања за цена и квалитет.

Третиот чекор претставува процес на облигаторно дефинирање на рамката по која ќе се изврши набавката на иновативните решенија и завршува со испораката на иновативното решение.

Кои се придобивките од набавките на иновации:

Создавањето силна и стабилна побарувачка за иновативни решенија преку државните јавни набавки создава значителни придобивки во однос на:

  • Модернизирање на јавните услуги со поквалитетни и поекономични решенија,
  • Зајакнување на нови пазари со иновативни решенија,
  • Помагање на иновативните компании да достигнат економии од обем за да го развијат својот бизнис и
  • Други општествени и економски придобивки.

Македонско законодавство и пракса

Во македонското законодавство, т.н иновативни јавни набавки се опфатени со Законот за јавни набавки во форма на посебен вид на постапка – Партнерство за иновации. Имено, во член 54 став 1 од Законот за јавни набавки (Службен Весник бр.24/2019) предвиден е посебен вид на постапка за јавна набавка – Партнерство за иновации, а по истото се подразбира „Договорниот орган може да користи партнерство за иновации доколку има потреба од иновативни стоки, услуги или работи, која не може да се задоволи и со набавка на стоки, услуги или работи кои се веќе достапни на пазарот. Договорниот орган ги утврдува причините и потребата од иновативни стоки, услуги или работи во тендерската документација, како и минималните барања во поглед на предметот на набавка, и минималните услови за утврдување способност кои треба да бидат доволно прецизни за да им овозможат на економските оператори да го идентификуваат видот и обемот на бараните решенија и да одлучат дали да се пријават за учество во постапката.“.

Од друга страна, во нашето законодавство предвиден е и Закон за иновациска дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 79/2013, 137/2013, 41/2014, 44/2015, 6/2016, 53/2016, 190/2016 и 64/2018) каде во член 1 предвидено е „Со овој закон се уредува иновациската дејност, принципите, целите и организацијата на примената на резултатите од иновациската дејност, научноистражувачката дејност, техничките и технолошките знаења, пронајдоците и иновациите, како и основањето, статусот, надлежностите, управувањето и раководењето, финансирањето, надзорот над работата, како и други прашања поврзани со работата на Фондот за иновации и технолошки развој.“.

Доколку се земе предвид фактот дека Законот за иновациска дејност во нашето законодавство го определува Фондот за иновации и технолошки развој за надлежен за дејноста иновации, тогаш за очекување е дека оваа државна институција би требало да биде пионер на спроведувањето на постапката – Партнерство за иновации.

Но она што го говори досегашната пракса, како и од она што може да се утврди преку пристап на www.e-nabavki.gov.mk е дека Фондот за иновации и технолошки развој во досегашната своја работа, поточно од стапување на сила на Законот за јавни набавки, од април 2019 година, воопшто нема спроведувано постапки за јавна набавка со примената на член 54 од Законот за јавни набавки, поточно Партнерство за иновации.

Во иднина ЕСЈН останува посветено да ги следи трендовите во областа на јавните набавки и искрено се надеваме дека праксата ќе биде поразлична од досегашната по однос на пристапот кон иновациите од аспект на Законот за јавни набавки.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
« Дек   Фев »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јануари 2022
П В С Ч П С Н
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
« Дек   Фев »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!