За семинарот
Овој семинар се фокусира на здравствениот сектор поточно на темата „Медицински набавки и управување и мониторинг на синџирот на снабдување“, вклучувајќи градење на тим и лидерство. Овој семинар ги посочува разликите помеѓу здравствените/медицинските набавки од набавките во другите сектори.
Целта на овој семинар е да допринесе во развој на стратешките и организациските аспекти, знаења и вештини потребни за јавните набавки во здравствениот/медицинскиот сектор.
Формат на семинарот
Семинарот ќе биде спроведен преку 5 онлајн сесии во живо преку платформа за видеоконференции. Секоја сесија ќе трае приближно 3,5 часа и ќе започне во време што ќе биде објавено дополнително. Предавањата се високо интерактивни и вклучуваат презентации, студии на случај и вежби.
Содржина на семинарот
1. Што е разликата помеѓу медицинските набавки и набавките во другите сектори ?
2. Како да изградите добри односи со Вашите добавувачи ?
3. Како да се користат модерните алатки за најдобар сооднос помеѓу квалитет и цена ?
4. Како да се избегне ризикот од прекумерна зависност од мал број добавувачи ?