Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Ефектите од зголемувањето на минималната плата врз склучените договори за јавни набавки

Posted on февруари 15, 2022февруари 15, 2022

Во месец февруари 2022 година, станува исклучително актуелно прашањето за измена на Законот за минимална плата. Поточно, сите релевантни чинители во општеството, постигнаа согласност за зголемување на нивото на минимална плата на нето износ од 18.000,00 денари, а стапувањето во сила и примената е предвидена од месец март 2022 година. Како договорите за јавни набавки кои се веќе доделени од страна на договорните органи и сеуште не се реализирани, ќе бидат “засегнати“ од ова измена ?

Обем и структура на склучени договори за јавни набавки

Според податоците превземени од Електронскиот систем за јавни набавки, преку обемот и структурата на склучените договори за јавни набавки во 2021 година, ќе се обидеме да ги предвидиме ефектите од зголемувањето на минималната плата во системот за јавни набавки.

Имено, во периодот од 01.01.2021 година до 14.02.2022 година, преку системот за јавни набавки вкупно се склучени 32.557 договори за јавни набавки од кои: 20.498 договори за јавна набавка на стоки или (62,96 %), 9.858 договори за јавна набавка на услуги или (30,25 %) и 2.210 договори за јавна набавка на работи или (6,79 %).

Доколку го анализираме вредносен аспект на склучените договори во 2021 година, може да се утврди следната состојба, вредност од 33.234.487.229,00 денари се доделени за јавни набавка на стоки, вредност од 11.762.004.788,00 денари се доделени за јавни набавки на услуги и вредност од 10.817.483.048,00 денари се доделени за јавни набавки на работи.

Од обемот и струкурата на склучените договори може да се утврди дека најголема вредносна изложеност на влијанијата од зголемувањето на минималната плата ќе имаат добавувачите на стоки. Но дали ова реално за очекување ?

Доколку се има предвид фактот дека при формирањето на цената на чинење на стоките, значително влијание има цената на трудот (но истата не и најбитен фактор), може да заклучиме дека добавувачите на стоки ќе го почуствуваат “индиректното“ влијание на зголемувањето на минималната плата.

За разлика од добавувачите на стоки, добавувачите на услуги и работи, ќе бидат директно “засегнати“ од промената на минималната плата. Па така, за очекување е дека сите добавувачи на услуги и работи (кои сеуште не се реализирани врз основ на склучени договори за јавни набавки) ќе бидат директно “засегнат“ од зголемувањето на минималната плата.

Кои стопански сектори ќе бидат најмногу “засегнати“ од зголемувањето на минималната плата ?

За очекување е дека некои од следните стопански сектори суштински ќе бидат “засегнатите“ од оваа промена. Па така, текстилниот сектор, хигиена и одржување, приватно обезбедување, превоз и транспорт, логистички сектор, прехрана и преработувачка дејност, градежен сектор и други трудоинтензивни сектори ќе се соочат со најголеми “предизвици“ со навременото и квалитетното исвршување на постојните договори за јавни набавки.

Од тука, се поставува прашањето: Дали постојат и кои се законските начини за промена на постојните услови во договорите за јавни набавки со цел заштита на добавувачите ?

Измена на договор за јавна набавка во време на негова важност

Постојат 4 (четири) начини, по кои можат да се изменат договорите за јавни набавки, а без притоа да се спроведе нова постапка за јавна набавка и тоа:

  1. Доколку измените, без оглед на нивната парична вредност, се предвидени во тендерската документација на јасен, прецизен и недвосмислен начин, како што се одредби за корекција на цени или опции.
  2. Доколку измените, се однесуваат на неопходност од дополнителна набавка од првичниот носител на набавка за стоки , услуги и работи кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни.
  3. Доколку промената е потребна поради околности кои договорниот орган не можел да ги предвиди и суштински не се менува природата на договорот за јавна набавка.
  4. Доколку првичниот носител на набавка го заменува друг економски оператор кој ги исполнува сите првично одредени услови во тендерската документација од спроведената постапка и кој е правен наследник на првичниот носител на набавка по извршено преструктурирање на претпријатието, вклучувајќи преземање, здружување, спојување или стечај, доколку тоа не вклучува други значителни промени на договорот.

Тука треба да се напомене дека, во случај на неопходност од дополнителна набавка од првичниот носител на набавка (начин два), како и во случај кога договорниот орган да не можел да ги предвиди околностите кои се промениле и суштински не се менува природата на договорот (начин три), вкупната вредност на измените на договорот за јавна набавка не смеат да надминат 20% од вредноста на првичниот договор.

Конечно, постојното законско решение за јавни набавки, во член 119 дава можност сите добавувачи, на законски утврден начин, да се “усогласат“ со промената која е предизвикана од зголемувањето на минималната плата.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

февруари 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28  
« Јан   Мар »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

февруари 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28  
« Јан   Мар »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!