Согласно со член 96 ставот 5 од законот, кога економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба, договорниот орган може да побара економскиот оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност за извршување на договорот. Од изнесеново произлегува дека економскиот оператор може да ја користи способноста на други субјекти во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба. Од друга страна, договорниот орган во ваков случај може (но немора) да побара економскиот оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност за извршување на договорот.
Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.