Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Електронски пазар на набавки од мала вредност (Е-пазар)

Posted on март 1, 2022март 1, 2022

Современите техничко – технолошки трендови ги направија брзи и едноставни процесите на трговија во глобални рамки. Па така, е-трговија особено во последните 2 години, во време на Пандемијата на Ковид 19, доживеа вистинска светска експанзија.  

„Повеќе не е прашање дали е-трговијата е иднина, туку дали ќе опстане традиционалната трговија ?“

Од тука, електронската трговија или електронските продавници, стануваат место каде учесници се потрошувачи од речиси сите старосни категории, а понудата континуирано бележи пораст.

Во суштина, Електронскиот пазар на набавки од мала вредност, како еден од посебните начини на доделување на договори за јавни набавки, е речиси идентичен со било која електронска продавница, со таа разлика што, управувањето со истата е во надлежност на државна институција, во случајов тоа е Бирото за јавни набавки.

Доколку го имаме предвид важечкиот Закон за јавни набавки, може да се заклучи дека Е-пазар е всушност интеграција на Електронски пазар на набавки од мала вредност и Електронски каталог.

Дефинирање


Електронски пазар на набавки од мала вредност претставува електронска платформа во вид на електронски каталог со која управува Бирото за јавни набавки и која се користи за набавки од мала вредност, а додека пак Електронски каталог претставува организирана описна листа на стоки или услуги што ги нудат економските оператори преку електронскиот систем за јавни набавки.

Од практичен аспект, Законот за јавни набавки дава можност на избор на договорниот орган помеѓу, поднесување понуди во форма на електронски каталог или поднесувањето на понудите да вклучува електронски каталог. Па од тука, произлегува дека понудите поднесени во форма на електронски каталог, можат да бидат придружени и со други документи што ја дополнуваат понудата.

Критериум за избор


При употребата на Е-ПАЗАР, секој економски оператор има право да поднесе понуда по објавениот оглас за јавна набавка. Договорниот орган ја избира понудата со најниска цена која е во согласност со барањата и условите од краткиот опис на предметот на набавка.

Очекувани резултати


Она што во наредниот период од практичната примена на оваа платформа, може да се очекува, тоа е следното:

  • Можност за брза и едноставна проверка на пазарот на стоки и услуги,
  • Можност за прецизно дефинирање на проценетата вредност од страна на договорните органи,
  • “Релативна флексибилност“ по однос на техничките спецификации,
  • “Визуелност“ на понудените стоки,
  • Можност економскиот оператор да има директен пласман на сопствените стоки и услуги во јавниот сектор,
  • Можност економскиот оператор да има поширок пласман на сопствените стоки и услуги кон приватниот сектор.
  • Можност за економскиот оператор да врши “конкурентско истражување“ и друго.

Дали горенаведените очекувања ќе се остварат, останува да видиме, но како пример може да ја посочиме глобалната платформа за е-трговија Али Експрес.

Еве дел од сличностите и разликите помеѓу двете платформи:


Е-ПАЗАР

  • Купувачи на платформата се исклучиво државни институции (нема приватни купувачи),
  • Продавачи на платформата се сите регистрирани економски оператори,
  • Постојат законски правила на функционирање,
  • Побарувачката е точно предвидлива и јавно достапна категорија,
  • Опција за следење на испорака
  • Договорот за набавка е во официјална форма
  • Постои можност за правна заштита

АЛИ ЕКСПРЕС

  • Купувачи на платформата се физички и правни лица,
  • Продавачи на платформата се категоризирани приватни правни субјекти, 
  • Постојат општи услови за користење на платформата и важат меѓународните и локални прописи за е-трговија,
  • Побарувачката за идни набавки е непредвидлива,
  • Постои опција за следење на испорака и поврат на средства,

Сепак, компарација е речиси невозможно, но функционалните карактеристики базирани на едноставна и брза употреба се заеднички именител и за двете платформи. Само како илустрација, комерцијалната платформата Али Експрес, претставува меѓународна платформа за е-трговија (B to C) која поседува повеќе од 150 милиони корисници ширум светот, распространета е во повеќе од 60 држави, дизајнирана за огромна фрекфенција на е-трговија, а нејзините логистички (транспортни) предности од една и безбедноста и заштита на купувачите од друга страна, ја прават оваа платформа вистинско глобално чудо.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

март 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
« Фев   Апр »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

март 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
« Фев   Апр »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!