Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Мартина Блинкова Дончевска – Консултант за животна средина во компанијата Г-Консалт Скопје

Posted on март 17, 2022март 17, 2022

Тимот на www.esjn.mk, имаше чест и задоволство да разговара со Мартина Блинкова Дончевска, која е Консултант за животна средина со долгогодишно искуство во компанијата Г-Консалт Скопје, а истовремено и е една од обучувачите на НАПРЕДНАТА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА (академија) – Одржливи јавни набавки.


ЕСЈН: Мартина, дали може на кратко да не запознаеш со значењето на поимот ОДРЖЛИВИ ЈАВНИ НАБАВКИ и која е нивната поврзаност со заштита на животната средина ?

Мартина: Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кој се соочуваме денес и чии последици се далекусежни и влијаат на секој аспект на живеењето. Ако сакаме да го ограничиме зголемување на глобалната просечна температура на 1,5°C согласно Парискиот договор, на национално ниво мора да ги намалиме емисиите на јаглерод диоксидот (CO2) за 51% до 2030 година и со тоа да достигнеме нула-нето емисии до 2050 година. Истражувањата покажуваат дека јавните набавки се директно одговорни за 15% од глобалните емисии на стакленички гасови, затоа од исклучително значење е институциите да помогнат во напорите за борба со климатските промени преку декабонизација на нивните системи за набавки. Со примена на процесот на ОДРЖЛИВИ ЈАВНИ НАБАВКИ, јавниот сектор/договорните органи ќе настојуваат да набавуваат стоки, услуги и работи кои ќе се со намалено влијание врз животната средина во текот на нивниот животен циклус и со тоа ќе го намалат својот јаглероден отпечаток врз животната средина.

ЕСЈН: Какво е твоето мислење по однос на потребата и актуелноста на темата одржливи јавни набавки во РСМ ?

Мартина: Во Предлог – Стратегија за унапредување на системот на јавните набавки за периодот 2022-2026 година, наведено е дека во периодот што следи, поголем акцент треба да се стави на стратешките прашања  како „зелени“, социјални и иновативни набавки. Со тоа се нагласува актуелноста на темата за зголемување на одржливоста во рамките на јавните набавки, како и потребата од усогласување со ЕУ Директивите. За да се спроведе тоа потребен е обучен и квалификуван кадар.

ЕСЈН: Дали странските (европски) искуства ни даваат доволно податоци за позитивни или негативни практики во оваа област ?

Мартина: На почетокот на 2022 година излезе извештајот Green Public Procurement: Catalysing the Net-Zero Economy кој ги анализира придобивките и предизвиците на зелените јавни набавки и обезбедува конкретни насоки за тоа како службениците за набавки преку нивната работа можат да придонесат за намалување на емисиите. Многубројни се примерите од позитивни искуствата за одржливи јавни набавки на Европско ниво. Би го земала примерот на локалната самоуправа на градот Виена, Австрија каде преку одржливи критериуми во јавната набавка, на канцелариска хартија е доведено до 50% намалување на емисиите на CO2 и е придонесено кон  ублажување на климатските промени. Во самата тедерска постапка се наведени критериумите како потеклото на примарните суровини за производство на хартијата, ниски емисии во воздух и вода, користење на хемикалии во текот на производство и мала потрошувачка на електрична енергија за производство. Задолжителен критериум е сертификација FSC (Forest stewardship council) PEFC (Programme for the Endorsement od Forest Certification Scemes) со што се докажува дека хартијата е произведена од одржлива шума.  

Истовремено, се поголем е интересот за одржливи јавни набавки и на Балканско ниво особено во Србија и Хрватска.

ЕСЈН: Знаеме дека заштитата на животната средина е еден од најважните ЕУ приоритети, што тоа значи за македонската пракса?

Мартина: Националните заложби за почиста животна средина се гледаат во големиот број на Договори кои ги имаме потпишано како што е Европскиот зелен договор кој е еден клучните приоритети на Европската Унија и фокус на ЕУ политиките и активностите за годините што доаѓаат. Целта на Зелениот договор е Европа да биде првиот климатски неутрален континент до 2050 година, што подразбира да се постигнат нула емисии на стакленички гасови до 2050 година и истовремено да се обезбеди раст на економијата со зачувани природни ресурси и благосостојба за сите.

За да се заштити животната средина особено битно е да се воспостави баланс со економскиот и социјалниот развој.  Во РСМ не секогаш приоритет се дава на заштитата на животната средина, но верувам дека тоа е и поради недостиг на стручни знаења и вештини. Затоа едукацијата е битна алатка за развој на свеста за заштита на животна средина. Токму со оваа тренинг програма сакаме да го постигнеме тоа, односно да ги зајакнеме знаењето и вештините кај лицата кои работат со јавни набавки и со тоа индиректно да овоможиме унапредување на животната средина.

ЕСЈН: Како еден од предавачите на НАПРЕДНАТА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА (академија) – Одржливи јавни набавки, ќе може ли накратко да не запознаеш со истата ?

Мартина: Оваа тренинг програма е резултат на макотрпна работа и истражување од страна на  консултанти во областа на јавните набавки, консултанти за стандардизација и консултанти за животната средина. Токму симбиозата на експертизата на предавачите ќе овозможи уникатна можност за сите учесници; истовремено ќе се запознаат со најновите ЕУ трендови за јавните набавки кои ни се на прагот, како и начинот преку кој ќе можат преку системот на јавни набавки да допринесат за почиста животна средина за себе и за идните генерации. Во деветте модули, креирани се околу 36 предавања што изобилуваат со информации кои оваа група на учесници ќе имаат за чест први да ги слушнат и со тоа да се здобијат со неопходните знаења и вештини и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

ЕСЈН: Кои се твоите очекувања од Академијата?

Мартина: Со оваа тренинг програма очекувам да ја промениме парадигмата во јавните набавки во РСМ за да сме во чекор со останатите ЕУ држави, да овозможиме одржливо користење на природните ресурси, намалување на загадувањето на животната средина и ублажување на климатските промени.

„Сите оние, кои имаат амбиција и желба да бидат дел од “Револуцијата за будењето на свесноста“ за потреба од примена на зелени јавни набавки, ги мотивирам да ја пополнат својата Пријава за учество на првата НАПРЕДНАТА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА (академија) – Одржливи јавни набавки. “

Со почит, Мартина Блинкова Дончевска.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

март 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
« Фев   Апр »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

март 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
« Фев   Апр »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!