Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Трошоци во „животниот век“ (Life Cycle Costing)

Posted on март 20, 2022март 20, 2022

Во Европската унија, според Директивите за јавни набавки (во член 68(2) од Директивата 2014/24/ЕУ и член 83(2) од Директивата 2014/25/ЕУ), договорите за јавни набавки мора да се доделуваат врз основа на единствениот критериум за избор на најповолна понуда, а тоа е економски најповолната понуда. Во македонското законодавство, ЕУ Директивите беа пресликани со стапувањето во сила на Законот за јавни набавки (Службен Весник бр.24/2019) и за критериумот за избор на најповолна понуда, согласно важечкото законско решение, беше предвиден токму – економски најповолната понуда.

Но, на кои се начини, може да се утврдува овој критериум ? Економски најповолната понуда се утврдува врз основа на цената или трошоците со користење на пристапот на исплатливост, како што се трошоците во животниот век, или како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, што се оценува врз основа на критериуми, вклучувајќи квалитативни, еколошки и социјални аспекти поврзани со предметот на набавка.

Доколку при изборот на најповолна понуда се употреби пристапот на исплатливост, тогаш употребата на трошоците во животниот век ќе претставува критериум за избор, а истиот во европската праксата се применува од сè поголем број договорни органи и неговата примена континуирано бележи тренд на зголемување поради “можноста за долгорочна мерливост“.

Што претставува „животен век“ ?

Согласно, член 2 точка 20 од Законот за јавни набавки (Службен Весник бр.24/2019)  за „животен век“ се сметаат сите последователни и/или меѓусебно поврзани фази, вклучувајќи ги потребните истражување и развој, производство, трговија согласно со условите, превоз, користење и одржување во текот на постоењето на производот или градбата или обезбедувањето на услугата, од стекнување на суровината или генерирање на ресурсите до расходување, уништување или завршување на услугата или употребата.

Кои се трошоците во „животниот век“ ?

Едноставно, сите ние секојдневно купуваме производ, услуга или работа, а притоа секогаш за тоа плаќаме одредена цена. Но, набавната цена, е само еден од елементи во целиот процес на купување, кој може да биде искажан како трошок. Пристапот на трошоците во животниот век, значи дека покрај трошокот за набавка, потребно е да бидат вкалкулирани и сите останати трошоци што ќе бидат направени за време на животниот век на производот, работата или услугата.

Како се врши пресметка на трошоците во животниот век ?

Согласно член 100 став 1 од во Законот за јавни набавки (Службен Весник бр.24/2019) трошоците во животниот век на стоките, услугите или работите ги опфаќаат следниве две категории на трошоци:

1. Категорија на трошоци на „товар на договорниот орган или на други корисници“, како што се:

  • трошоци за набавка, односно купување,
  • трошоци за користење, како што е потрошувачката на енергија и други ресурси,
  • трошоци за одржување,
  • трошоци поврзани со расходување, како што се трошоци за собирање и рециклирање;

2. Категорија на трошоците за „отстранување на влијанието на стоките, услугите или работите врз животната средина“ во текот на нивниот животен век доколку може да се утврди и да се провери нивната парична вредност, а кои може да вклучуваат трошоци од емисии на стакленички гасови и други загадувачи, како и други трошоци за ублажување на климатските промени.

Што точно опфаќа категоријата на директни трошоци ?

Категоријата трошоци на товар на договорниот орган или на други корисници, се нарекуваат и директни трошоци. Овие трошоци се исклучително битни од причина што преку нивната квантификацијата можат да се пресметаат директните финансиски импикации врз договорниот орган во процесот на набавка.

Дел од овие трошоци опфаќаат: Трошоците за набавка, односно купување, кои се однесуваат на набавната цена која ја плаќа договорниот орган и сите придружни трошоци, на пример: трошоци за испорака, трошоци за монтажа, трошоци за гаранции, трошоци за осигурување, трошоци за транспорт, и сл. Трошоците за користење, кои се всушност опфатени со т.н оперативни трошоци, вклучувајќи енергија, гориво, вода и сл. Трошоците за одржување, кои се однесуваат на резервни делови, одржување и сл. Трошоци поврзани со расходување, кои вообичаено се однесуваат на сите трошоци поврзани со собирање и рециклирање. Овие трошоци настануваат на крајот на работниот век (како што се деактивирање или отстранување) или преостаната вредност (т.е. приход од продажба на производот).

Што точно опфаќа категоријата на индиректни трошоци ?

Трошоците во животниот век можат да опфатат и вклучат трошоци поврзани со надворешни фактори (како што се емисиите на стакленички гасови) и други екстерни влијанија врз животната средина. Во европската пракса и овие трошоци имаат значителна улога во процесот наречен одржливи или зелени јавни набавки.

Практична применливост на трошоците во животниот век ?

Доколку договорниот орган ги користи трошоците во животниот век како критериум за избор на најповолна понуда, во тендерската документација наведува податоци кои треба да ги достават понудувачите и методот на утврдување на трошоците во животниот век врз основа на овие податоци.

Од друга страна, методот кој договорниот орган ќе го избере за “мерење“ на трошоците во животниот век мора да биде:

  • заснован на објективно проверливи и недискриминаторски критериуми,
  • да биде достапен за сите заинтересирани страни и
  • бараните податоци да бидат лесни за прибавување од страна на економските оператори.

Употребата на критериумот за избор на најповолна понуда базиран на пристапот на исплатливост е презентиран подолу преку еден едноставен пример. Во примерот се презентирани 3 различни модели на Принтери (А, Б и В), при што животниот век за нивно технолошко застарување или продажба, е предвиден да биде 5 години.

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИ ВО ЖИВОТНИОТ ВЕК

Принтер АПринтер БПринтер ВВидови на трошоциОпис на трошоци
-24.000,00 -18.000,00 -27.000,00 Трошоци за набавкаНабавка, испорака, гаранција и транспорт
-10.000,00 -18.000,00 -11.000,00 Трошоци за користењеТонер, хартија, електрична енергија итн.
-9.000,00 -12.000,00-7.000,00 Трошоци за одржувањеЗамена на четкици, замена на т.н глава итн.
4.000,00 3.000,00 10.000,00 Трошоци поврзани со расходувањеПродажба по 5 години
39.000,00 45.000,00 35.000,00 Вкупни трошоци
во животен век
Вкупни трошоци
во животен век

Од горенаведените податоци, може да се изведе заклучокот дека не секогаш набавката цена значи и најисплатлива понуда. Па така, во презентираниот пример, иако принтерот (В) има највисока набавка вредност, неговата исплатливост на период од 5 години е најповолна, односно вкупниот негов трошок ќе биде најмал за договорниот орган.

Од тука, пристапот на исплатливост е тој кој може да им “гарантира“ на договорните органи најдобра вредност за нивните финансиски средства на подолг рок.

Европската комисија по однос на моделите на пресметка на трошоците во животниот век има развиено т.н LCC (Life Cycle Costing) алатки за пресметување на трошоци во животниот век за различни сектори, a со цел да ја олеснат употребата на овој критериум за избор во праксата.

Ние, Ви ја препорачуваме НАПРЕДНАТА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА (АКАДЕМИЈА) – ОДРЖЛИВИ ЈАВНИ НАБАВКИ, како одлична можност за стекнување со знаења и вештини за практична примена на трошоците во животниот век, како критериум за избор на најповолна понуда.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

март 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
« Фев   Апр »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

март 2022
П В С Ч П С Н
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
« Фев   Апр »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!