Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Кои се “слабостите“ во сегашниот систем за јавни набавки ?

Posted on април 1, 2022април 1, 2022

Праксата секојдневно ги посочува бројните недостатоци и слабости во функционалноста на сегашниот систем за јавни набавки. Применливоста на одредени законски одредби и потребата од унапредување на системот за јавни набавки се презентирани во „Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година“ донесена од страна на Бирото за јавни набавки.

Во оваа Стратегија, утврдени се неколку клучни слабости во сегашниот систем за јавни набавки и тоа по однос на следното :

„Правната рамка за јавни набавки во голема мера е усогласена со Директивата за јавни набавки во класичниот јавен сектор и Директивата за јавни набавки во секторските опфатени дејности од 2014 година, со неколку недоследности. Најзначајните недоследности се однесуваат на основите за исклучување (особено листата на негативни референцикако основа за автоматско исклучување, недостаток на одредби за „автоматско чистење“ и автоматско исклучување на лица кои учествувале во подготовката на тендерската документација). Некои од новите механизми воведени со ЗЈН (како што е механизмот за управна контрола) треба да се подобрат во однос на нивната делотворност и ефикасност. Некои од постојните предизвици се однесуваат на ресурсите потребни за да се реализира подобрувањето на системот. Неопходно за овој процес е да се подобри и да се измени фокусот за истиот да се направи поефикасен и поделотворен. Адекватното спроведување на законодавството е, исто така, од витално значење за да се обезбеди општа усогласеност со основните правила и начела за набавки на ЕУ.

Најзначајните практични импликации и проблеми со кои се соочуваат лицата кои спроведуваат набавки се однесуваат на поставување и примена на објективни квалитативни критериуми за утврдување економски најповолна понуда, невообичаено ниска цена, примена на можност за појаснување или дополнителни информации без промена на суштинските аспекти на понудата, користење на капацитетите на други субјекти, подизведувачи, рамковни спогодби, како и измени на договорите за време на нивната важност. Од друга страна, економските оператори изнаоѓаат суштински недостатоци во тендерската документација – несоодветност на техничките спецификации и нецелосни / нејасни / контрадикторни / тенденциозни услови, обемност и сложеност на условите, пристрасен метод на евалуација, несоодветни договорни услови, недостаток на квалификуван персонал кај договорните органи и економските оператори, недоволно време за подготовка на понудите.

Националното право, како и европската рамка за јавни набавки, не содржат одредби што ги
олеснуваат итните и стратешките набавки во кризни ситуации (пандемија, природна катастрофа,состојба на одбрана, непосредна терористичка закана од големи размери). Специфичните барања и процедуралните детали во врска со отпочнување на постапката за набавка во такви ситуации треба да се утврдат во националното законодавство со кое се уредува постапувањето за време на кризи врз основа на објективни критериуми, за да се обезбеди нивна истоветна и сообразна примена во случаи кога државата со одлука прогласува вонредна или кризна состојба.

Централизираните набавки остануваат ограничени на неколку видови стоки и услуги од заеднички интерес. Рамковните спогодби и повеќегодишните договори скоро и да не се користат за набавки што се повторуваат. Фокусот треба да биде на договори со соодветна големина и договори подолги од една година што се повторуваат. Националното законодавство предвидува дека Владата може да формира централни тела за набавка. Централизирани набавки во моментов се спроведуваат од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), на пример за фиксни и мобилни телефонски услуги, за авионски билети и за други набавки. Рамковните спогодби склучени од СОЗР се достапни за субјектите на централната власт, вклучително и за БЈН.“ се утврдува во „Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година“ донесена од страна на Бирото за јавни набавки.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!