Што претставува овој настан ?
Овој курс ќе помогне да се подобри ефективноста на функциите за ревизија и надзор на набавките во националните операции, операциите за набавки на ОН и МФИ. Го истражува целиот спектар на надлежности за ревизија на набавките, од поставување цели за ревизија/надзор во согласност со организацискиот мандат и контекст, па се до изготвување извештаи за ревизија/надзор и следење на ревизорските препораки. Курсот се фокусира на извршување на ревизијата, земајќи ги предвид и усогласеноста и вредноста за парите. Во него се претставени и клучните одредби од меѓународните договори кои се однесуваат на борбата против корупцијата (Конвенцијата на ОН против корупцијата и Конвенцијата на ОЕЦД за борба против поткупот на странски јавни службеници).
За кого е наменет овој настан ?
Персоналот на Врховните ревизорски институции (ВРИ); Министерството за финансии - Службеници и внатрешни контролори за работењето на јавните набавки, регионалните и локалните договорни органи; персоналот на МФИ и донаторските организации кои се одговорни за надзорот на операциите за набавки што ги преземаат корисниците.
Начин на одржување: Online (E-Campus)
Времетраење на настанот: 3 октомври– 11 ноември 2022 година
Повеќе инфо на: https://www.itcilo.org/courses/procurement-audit-and-systems-prevention-and-detection-fraud-and-corruption