Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Каква е институционалната поставеност на јавните набавки ?

Posted on април 8, 2022април 8, 2022

Функционалноста на системот за јавни набавки во исклучително голема мера зависи од институционалната поставеност. Онаа институција која во системот за јавни набавки има клична улога, тоа е Бирото за јавни набавки (БЈН). Согласно закон, Бирото за јавни набавки е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии (МФ) и врши активности поврзани со развојот на системот на јавни набавки и обезбедување рационалност, ефикасност и транспарентност во спроведувањето на јавните набавки. Покрај Бирото за јавни набавки, системот на јавни набавки вклучува голем број останати институционални чинители кои придонесуваат за негово ефикасно функционирање меѓу кои:

  • Државна комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН) е независен државен орган со својство на правно лице, одговорен за законитоста на дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија, како и на одлуките како поединечни правни акти донесени во постапките над и под праговите на ЕУ. Одлуките на ДКЖЈН може да се оспорат пред Управниот суд.
  • Министерство за финансии (МФ) е орган на државната управа, кој предлага прописи во областа на јавните набавки (иако БЈН ја има водечката улога во практичната подготовка на прописите, МФ е овластен предлагач пред Владата на Република Северна Македонија) и е одговорен за системот на јавна внатрешна финансиска контрола.
  • Министерство за економија (МE) е надлежна институција во областа на јавното – приватно партнерство и концесии, со улога да управува со развојот на системот за јавно – приватно партнерство преку подготовка на предлози за донесување законски и други акти во областa, следење, анализирање и обезбедување стручна помош и мислење во однос на водењето на постапките.
  • Државен завод за ревизија (ДЗР) е врховна ревизорска институција, со надлежност за навремено и објективно известување на Собранието, Владата и другите носители на јавни функции за наодите од спроведените ревизии. Според ЗЈН, ДЗР врши ревизија на користењето и трошењето средства за јавни набавки од страна на ДО. ДЗР спроведува ревизија на регуларност и ревизија на успешност. Кога се врши ревизија на регуларност, меѓу другото, ревизорските тимови го проверуваат и оценуваат користењето на средствата во согласност со законските прописи. Во овие рамки се врши ревизија на начинот на планирање, спроведување на постапките за јавни набавки и нивната реализација во годината предмет на ревизија.
  • Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) има истовремена надлежност и во однос на превенцијата и во однос на сузбивање на социјално штетно однесување. Во извршувањето на своите овластувања, ДКСК вложува дополнителни напори за меѓуинституционална соработка како средство за брза размена на информации и документи. БЈН е една од 17-те институции што го потпишаа Протоколот за соработка во рамка на споменатата соработка.
  • Комисија за заштита на конкуренција (КЗК) е независен државен орган со својство на правно лице одговорно за спроведување на Законот за заштита на конкуренцијата.
  • Управниот суд на Република Северна Македонија е надлежен да постапува по тужби поднесени од странки кои не се задоволни од одлуките на ДКЖЈН. Со оглед на оваа посебна надлежност, институцијата е од големо значење во однос на правната заштита во постапката за доделување на договори за јавни набавки.

Институционалната поставеност на системот за јавни набавки е детално опишана во „Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година“ донесена од страна на Бирото за јавни набавки.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!