Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Состојби, слабости и мерки за подобрување на правната заштита

Posted on април 13, 2022април 13, 2022

Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН) е институција од исклучително значење во системот за јавни набавки. Одлуки на ДКЖЈН, имаат суштинско значење од неколку аспекти:

  • истите се конечни;
  • воспоставуваат правна сигурност и доверба во системот;
  • претставуваат механизам за заштита од незаконско постапување;
  • овозможуваат предуслови за воспоставување на т.н “судска пракса“;
  • представуваат еден вид на механизам за “контрола“ на трошењето на јавните средства.

Во најновата „Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година“ донесена од страна на Бирото за јавни набавки, по однос на системот на правна заштита, се наведува следното „Сите одлуки на ДКЖЈН се јавно достапни. Во 2018 година, ДКЖЈН има добиено 737 жалби; во 2019 година, а овој број се искачи на 902, додека во текот на 2020 година ДКЖЈН прими вкупно 1076 жалби. Во првата половина на 2021 година, бројот на примени жалби е 644. Помалку од една десетина од сите одлуки на ДКЖЈН се обжалуваат пред судовите. Во тек е имплементација на софтверско решение за потребите на Државната комисија за жалби за електронска дистрибуција и решавање на жалби, транспарентен преглед на жалби и одлуки и поедноставно пребарување на донесените одлуки со цел да се обезбеди поголема конзистентност во одлуките на ДКЖЈН и со тоа зголемување на довербата во правната заштита во постапките за јавни набавки.“.

Од тука, може да се заклучи дека улогата на ДКЖЈН во системот за јавни набавки континуирано добива на значење во последниот временски период, а во насока на остварување на целите за кои истата е основана.

Дополнително во Стратегијата се утврдени одредени слабости во системот на правна заштита, за кои се наведува следното „Повеќето од предметите во жалбените постапки се однесуваат на административните и правните аспекти без анализа на суштината на жалбата (на пример на техничките спецификации). Истовремено, треба да се зајакне и капацитетот на судовите за разгледување и одлучување по предметите за јавни набавки. Најголема загриженост предизвикува прашањето поврзано со недостаток на човечки ресурси, како и проблемот со слабиот интерес на потенцијалните вработени со соодветно знаење и искуство да аплицираат за слободни работни места во ДКЖЈН. Понатаму, општа перцепција е дека важноста на улогата на ДКЖЈН во системот на набавки не е целосно препознаена и, соодветно на тоа, не е направен доволен напор во текот на годините да се зајакнат капацитетите на ДКЖЈН за истата да стане поефективна и поефикасна.“.

Поради утврдените слабостите кои произлегуваат од недостигот на човечки ресурси, за главни стратешки определби и резултати што треба да се преземат во наредниот период се предвидуваат следните: „Постои потреба од усвојување на новиот Правилник за внатрешна организација и опис на работни места на ДКЖЈН. Треба да се зголеми бројот на државни службеници за навремено извршување на сите активности во рамките на своите надлежности за да се спречи ДКЖЈН да стане тесно грло за идните инвестиции и причина за забавување на постапките за јавни набавки. Правната заштита во јавните набавки, јавно приватните партнерства и концесиите, прашањата за работата на ДКЖЈН, бројот на членови, условите за нивно назначување, постапката за
назначување, како и правата и обврските на членовите на ДКЖЈН треба да подлежат на посебен
закон, во согласност со најдобрите практики на ЕУ.“

Како посебни резултати што треба да се постигнат се предвидуваат следните:

  • зголемена транспарентност, ефикасност и ефективност на работата на ДКЖЈН;
  • усогласување на прашањата од областа на правната заштита, работата на ДКЖЈН,
    бројот на членовите, условите за нивно назначување, постапката за назначување,
    како и правата и обврските на членовите на ДКЖЈН кои поглежат под посебни закони,
    со најдобрите практики на ЕУ и
  • зајакнување на административите капацитети на ДКЖЈН.

Како мерки за постигнување на поставените цели и планираните резултати се предвидуваат :

  • Изготвување нова интернет страна на ДКЖЈН;
  • Развој на интерен информатички систем, интероперабилен со ЕСЈН;
  • Зголемување на бројот на државни службеници во стручната служба;
  • Подготовка на Нацрт закон за Државната комисија за жалби по јавни набавки, согласно со усогласениот план за изменување и дополнување на ЗЈН и
  • Усвојување на нов Правилник за внатрешна организација и опис на работни места на ДКЖЈН.

Согласно горенаведените очекувани резултати и мерки, во наредниот временски период може да се очекува дека Државната комисија за жалби по јавни набавки како еден од основните приоритети ќе има за цел да обезбеди зајакнување на својот административен и кадровски капацитет, а кое нешто директно произлегува од тенденцијата за континуирано зголемување на обемот на употреба на правната заштита во постапките за јавни набавки во последниот временски период од 3 години. Искрено се надеваме и очекуваме дека оваа исклучително значајна институција во системот за јавни набавки, ќе ги оствари своите стратешки цели и резултати предвидени во Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!