Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Состојби, слабости и превземање на мерки за спречување на корупција во јавните набавки

Posted on април 14, 2022април 14, 2022

Корупцијата претставува глобален проблем кој во најголем дел произлегува од злоупотребата на јавните овластувања и надлежности. Од тука, јавните набавки се особено “засегнати“ со овој проблем, кој е во директна колизија со основните начела на јавните набавки.

Според Извештајот на Транспарнси Интернешнл за 2021 година, Македонија се наоѓа на 87 место со 39 поени по индексот на корупција. Споредбено со претходната 2020 година, ова претставува големо подобрување, кога беше рангирана на 111 место.

Оваа утврдена состојба, како и дополнителните мерки и активности во системот на спречување на корупција, се опфатени во Националната стратегија и акцискиот план за спречување на корупцијата за периодот 2021-2025 година. Во Националната стратегија, се предвидува стратешка цел – Нулта толеранција за корупција, која вклучува неколку активности насочени кон системот на јавни набавки, особено во насока на градењето на капацитети.

Дополнително, според Извештајот на ЕК за 2020 година, регулаторните и институционалните системи за интегритет и судир на интереси, воспоставени за идентификување и справување со корупција, договарање и измамнички практики, треба доследно да се применуваат. Иако состојбите делумно се менуваат, на начин што Државната комисија за спречување корупција покрена неколку случаи за потенцијална злоупотреба на должност во јавните набавки, сепак бројот на извештаи поврзани со интегритет сèуште е многу мал и недостасуваат дополнителни истраги и соодветни казни.

Националната стратегија и акцискиот план за спречување на корупцијата за периодот 2021-2025 година, дополнително посочува дека постои потреба од: зајакнување на контролата и надзорот врз спроведувањето на јавните набавки; зајакнување на капацитетите на институциите со квалификуван и обучен кадар за спроведување на јавни набавки; зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните набавки и зголемување на интегритетот на институциите и лицата вклучени во нивното спроведување и транспарентност во јавните набавки.

Проблемот на корупција во јавните набавки е потенциран и во „Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година“ донесена од страна на Бирото за јавни набавки, при што се наведува следното „Неопходно е да се обезбеди постојано зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни за промена на моделите и подигање на свеста за посакуваното однесување, но исто така и постојано да се изготвуваат и објавуваат материјали за да се разјасни примената на одредени законски одредби, врз основа на мислењата и одлуките на БЈН, ДКЖЈН и ДКСК. Интегрираниот систем на „црвени знаменца“ во рамките на ЕСЈН може да биде моќна алатка за идентификување потенцијално сомнителни обрасци во податоците за набавките и може да укаже на договарање или местење на тендери. Во таа смисла, би било неопходно да се поврзат системите на БЈН и ДКСК и да се преземат заеднички дејствија во оваа активност. Совпаѓањето на податоците за јавните набавки со други извори на податоци и информации, со различна гледна точка, може да идентификува поширок опсег на потенцијално сомнителни обрасци. Иако Законот за заштита на конкуренцијата и подзаконските акти ја обезбедуваат законската рамка неопходна за борба против незаконските договарања помеѓу претпријатијата (ЕО), сепак во пракса бројот на откриени и санкционирани забранети договарања е мал, особено заради фактот што истите се тајни и е многу тешко да се добијат веродостојни индиции за тоа каде би можеле да постојат вакви незаконски договарања. Главни стратешки определби и резултати што треба да се преземат Сузбивањето на неправилностите при јавните набавки ќе се спроведе преку разновидни мерки во сите фази на процесот на јавни набавки: планирање, зголемена внатрешна контрола, активна употреба на системот на црвено знаме и постигнување на резултатите утврдени со антикорупциската стратегија. Оттука, сузбивањето на нерегуларностите и борбата против корупцијата не може да се смета само како прашање за спроведување на некои специјални антикорупциски мерки, туку како цел што треба да се постигне преку различни аспекти на подобрувањата на системот на јавни набавки.“.

Како посебни резултати што треба да се постигнат, согласно донесената Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година, се следните:

  • Користење на “црвени знаменца” при идентификување на ризици на корупција;
  • Користење на “црвени знаменца” при идентификување на можни незаконски
    договарања помеѓу ЕО;
  • Усогласување на активностите со Националната стратегија за спречување корупција и конфликт на интереси на ДКСК и
  • Понатамошно подобрување на управната контрола.

Како мерки за постигнување на поставените цели и планираните резултати што треба да се постигнат, согласно донесената Стратегија за унапредување на системот за јавни набавки во Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2026 година, се наведуваат следните:

  • Утврдување на насоки и начини за користење на “црвени знаменца” за соодветно идентификување на можни незаконски договарања помеѓу ЕО;
  • Финализација на интегрирањето на модулот на „црвени знаменца“ на БЈН со ИТ
    системот на ДКСК;
  • Иницирани заеднички пилот активности за одредени постапки за тестирање на
    интегрираниот систем;
  • Изготвен план за практична примена на индикаторите за „црвените знаменца“ во системот со препораки за проширување;
  • Анализа на дополнителни технички прилагодувања на интегрираниот модул;
  • Понатамошно унапредување на управната контрола.

Конечно, спречувањето на корупцијата во јавните набавки останува сериозен проблем кој бара посветено и сеопфатно дејствување, а она кое според нас недостасува во оваа Стратегија, тоа се „Мерки за намалување на “вакум простор“ помеѓу економските оператори и договорните органи кој настанува поради недоволната примена на ПРЕТХОДНА ПРОВЕРКА НА ПАЗАРОТ или т.н ТЕХНИЧКИ ДИЈАЛОГ во секојдневната пракса“.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

април 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
« Мар   Мај »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!