Бирото за јавни набавки како одговорен правен субјект за управување со Електронскиот систем за јавни набавки, преку веб порталот www.e-nabavki.gov.mk ги известува сите корисници за ПРИВРЕМЕНА НЕДОСТАПНОСТ НА СЕРВИСОТ.
Во образложението на причината за привремена недостапност на сервисот, се вели „Поради сериозни технички проблеми со инфраструктурата, сервисот во моментот е недостапен, по надминување на проблемот ќе бидете информирани. Сите рокови (јавни отворања/крајни рокови/аукции) ќе бидет продолжени соодветно, согласно со Правилникот за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки (Сл.Весник на РСМ бр. 64/19 и 271/19).“
