Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Значење и важност на Стандардот за систем за управување со квалитет ИСО 9001 ?

Posted on мај 17, 2022мај 18, 2022

Преку Електронскиот систем за јавни набавки, често може да се воочаат огласи за јавни набавки и тендерски документации во кои се искажуваат барања за поседување на одредени стандарди за системи за управување со квалитет од страна на економските оператори.

Но, дали доволно сме запознаени за значењето на истите, како и за целисходноста на употребата на овој услов при различен предмет на набавка ? Одговорот треба да се побара во можноста на договорниот орган, точно да ја квантифицирана “неопходноста“ од употребата и истата да ја образложи.

Од тука, сметаме дека е од исклучително значење при употребата на стандардите за системи за управување со квалитет, да се имаат предвид принципите на кои истите се базираат со цел да се прилагодат очекувањата од истите.

Што претставува ИСО ?

ИСО (Меѓународната организација за стандардизација) е основана уште во 1947 година со цел креирање на светски трговски правила кои ќе гарантираат минимален квалитет, а на начин што овие правила се искажуваат во соодветни стандарди. Мисијата на ИСО од основањето до денес е да придонесе до зголемување на меѓународната трговија и градење на доверба помеѓу добавувачите и купувачите, па од тука, овој процес на меѓународна стандардизација има значителна примена и при процесот на спроведување на јавните набавки. Денес сме сведоци на бројни постапки за јавни набавки во кои се употребувааат некои од стандардите за управување со системи за квалитет, а најчесто употребуван стандард во праксата, вообичаено е стандардот ИСО 9001.

Кои се основните принципи на кои се базира стандардот ИСО 9001 ?

Со неколку зборови, овој стандард би требало да “гарантира“ поголема стабилност, воспоставени принципи на производство, пронципи на давање на услугите или принципи на вршење на работите во секоја одделна фаза од деловниот процес во која дејствуваа економскиот оператор. Овој стандард, јасно и посочуваат на компанијата (економскиот оператор) што е потребно за обезбедување на квалитет, односно ги специфицира минималните услови кои се потребни за ефективен систем за управување со квалитет.

Стандардиот за систем за управување со квалитет сочинува збир на “правила“ кои служат како водич за воспоставување, документирање и одржување на ефикасен систем за управување, истовремено допринесува за зголемување на задоволството на клиентите и воспоставување на т.н “окружување базирано на доверба“. Овој стандард ее применливи за сите видови на компании (економски оператори) или институции (договорни органи) и има широка употреба за сите предмети на доделување на договори за јавна набавка во праксата.

Што може да очекуваме од економските оператори кои имаат имплементирано Стандард ISO 9001 ?

Основните придобивки за договорниот орган од потенцијалната соработка со “стандардизиран“ клиент по ИСО 9001, би можеле да се согледаат преку следните очекувања :

  • Очекување дека економскиот оператор поседува поефикасни работни методи кои обезбедуваат заштеда на време, средства и ресурси,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува подобрени оперативни перформанси кои ги намалуваат можностите за грешки и го зголемуваат профитот,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува зголемено задоволство на клиентите со кои соработува,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува можност за побрзо решавање на проблемите,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува забрзан протокот на информации,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува систем за следење и оценка на добавувачи,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува прецизна распределба на овластувања и одговорности,
  • Очекување дека економскиот оператор поседува вработени со зголемена мотивацијата и ентузијазмот за работа на вработените.

Конечно, барањето за поседување на Сертификат за имплементиран Стандард ИСО 9001 не ги елиминира во целост ризиците од избор на неквалитетен добавувач, туку овозможува добивање на значајни податоци за договорните органи, по однос на пристапот на добавувачот кон сопствената организациска ефикасност и неговиот пристап кон ризиците во дејноста и организацијата.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

мај 2022
П В С Ч П С Н
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
« Апр   Јун »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

мај 2022
П В С Ч П С Н
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
« Апр   Јун »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!