Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Начини на изменување на договор/рамковна спогодба за јавна набавка

Posted on јуни 10, 2022јуни 10, 2022

Менаџментот со јавните набавки е од исклучително значење за ефикасно, рационално, транспарентно и економично управување со јавните средства. Колку што процесот на доделување на договори / рамковни спогодби знае да биде сложен и специфичен, толку и процесот на следење на реализација на истите, знае да доведе до бројни предизвици со кои се соочуваат договорните страни.

Од таа причина, менаџментот со договори за јавни набавки е од исклучителна битност за секој договорен орган.

Но, најнапред да ги разрешиме дилемите по однос на можноста или неможноста за изменување на договорите или рамковните спогодби. Еве неколку битни заклучоци кои треба да ги имаат предвид сите чинители во процесот на јавни набавки :

  • Договорот за јавна набавка / Рамковната спогодба може да се измени само во време на негова/нејзина важност.
  • Измената може да се направи без спроведување на нова постапка за доделување на договор/рамковна спогодба за јавна набавка.
  • Договорот за јавна набавка / Рамковната спогодба може да се измени без спроведување на нова постапка само доколку измената не е од суштинско значење.
  • Измената на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба се смета за значителна доколку поради неа договорот или рамковната спогодба значително се разликува од првично доделениот договор за јавна набавка или рамковна спогодба.

Што претставува СУШТИНСКА или ЗНАЧИТЕЛНА ИЗМЕНА ?

Законот за јавни набавки (Службен Весник бр.24/2019) во членот 119 го предвидува следното значење на т.н суштинска или значителна измена и за таква може да се смета секоја онаа измена со која:

  • Се воведуваат услови кои, доколку биле дел од првичната постапката за јавна набавка, би овозможиле учество на други кандидати освен оние кои првично биле поканети, или прифаќање друга понуда за најповолна наместо онаа што била првично избрана, или би овозможиле учество на дополнителни учесници во постапката за јавна набавка;
  • Се менува економската рамнотежа на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба во корист на носителот на набавка на начин што не бил предвиден во првичниот договор или рамковна спогодба;
  • Значително се проширува опфатот на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба;
  • Друг економски оператор го заменува првичниот носител на набавка, освен во случаите кога станува збор за правен наследник.

Но, доколку измената не е од суштинска природа, во тој случај истата може да се спроведе преку следните 5 (пет) начини на измена на договор или рамковна спогодба.

НАЧИН НА ИЗМЕНА бр.1

Доколку измените, без оглед на нивната парична вредност, се предвидени во тендерската документација на јасен, прецизен и недвосмислен начин, како што се одредби за корекција на цени или опции. Во тие одредби мора да биде наведен обемот и природата на можните измени или опции, како и условите под кои може да се користат, но не смеат да имаат за последица суштинска промена на природата на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба.

НАЧИН НА ИЗМЕНА бр.2

За набавка на стоки, услуги или работи од првичниот носител на набавка кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, и доколку замената на носителот на набавката:

  • не е можна од економски или технички причини, како што се барањата во однос на заменливоста или интероперабилноста со постојната опрема, услуги или инсталации набавени во рамките на првичната постапка и
  • ќе предизвика сериозни потешкотии или значително зголемување на трошоците на договорниот орган

Напомена : Вкупната вредност на измените на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба не смее да надмине 20% од вредноста на првичниот договор или на рамковната спогодба. Доколку се направени повеќе последователни измени, ова ограничување се применува на вредноста на сите промени заедно. Доколку договорот за јавната набавка вклучува одредба за корекција на цени, основ за пресметување на максималната дозволена вредност на измените е вредноста на договорот со ажурираните цени. Договорниот орган објавува известување за измена на договорот за време на неговата важност во рок од десет дена од денот на склучување на договорот за изменување на првичниот договор. Документацијата во врска со измените вклучува објаснување на сите причини зошто се потребни стоките, услугите или работите, причините зошто истите не биле вклучени во основниот договор или рамковна спогодба, како и економските и техничките причини поради кои промената на првичниот изведувач не е можна.

НАЧИН НА ИЗМЕНА бр.3

Доколку промената е потребна поради околности кои договорниот орган не можел да ги предвиди и суштински не се менува природата на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба.

Напомена : Вкупната вредност на измените на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба не смее да надмине 20% од вредноста на првичниот договор или на рамковната спогодба. Доколку се направени повеќе последователни измени, ова ограничување се применува на вредноста на сите промени заедно. Доколку договорот за јавната набавка вклучува одредба за корекција на цени, основ за пресметување на максималната дозволена вредност на измените е вредноста на договорот со ажурираните цени. Договорниот орган објавува известување за измена на договорот за време на неговата важност во рок од десет дена од денот на склучување на договорот за изменување на првичниот договор. Документацијата за измените вклучува опис на измените, причините за нив и околностите поради кои договорниот орган не можел да ги предвиди при доделување на основниот договор или рмковна спогодба, како и објаснување зошто овие измени не ја менуваат природата на договорот или рамковната спогодба.

НАЧИН НА ИЗМЕНА бр.4

Доколку првичниот носител на набавка го заменува друг економски оператор кој ги исполнува сите првично одредени услови во тендерската документација од спроведената постапка и кој е правен наследник на првичниот носител на набавка по извршено преструктурирање на претпријатието, вклучувајќи преземање, здружување, спојување или стечај, доколку тоа не вклучува други значителни промени на договорот и со тоа не се избегнува примената на овој закон .

НАЧИН НА ИЗМЕНА бр.5

Доколку промената, без оглед на нејзината вредност, не е од суштинско значење.

Каква е праксата на изменување на договорите / рамковните спогодби ?

За период од 01.01.2022 година, а заклучно со 28.05.2022 година (или неполни 5 месеци) од податоците од електронскиот систем за јавни набавки може да се утврди дека, вкупно склучени се 11.282 договори/рамковни спогодби за јавни набавки, а изменети во истиот период се 721 договор/рамковна спогодба за јавни набавки или 6,39 % од склучените договори се изменети. Овие податоци ни покажуваат дека сепак изменувањето на договорите во праксата и не е така ретка појава, па од тука произлегува и значајноста на процесот на изменување на договорите за јавни набавки.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јуни 2022
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мај   Јул »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јуни 2022
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мај   Јул »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!