Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Што претставува „пазарна цена“, а што „вредност“?

Posted on јуни 13, 2022јуни 13, 2022

Јавните набавки се особено одговорна деловна област. Лицата кои работат во оваа област, секогаш треба да имаат предвид дека располагањето со јавните средства подразбира одговорност, транспарентност и отчетност. Дополнително, во секојдневната пракса сите чинители во процесот на јавни набавки се соочуваат со најразлични предизвици и дилеми кои ја зголемуваат “грижата“ од правилно постапување. Не секогаш, една дефиниција или законска одредба, може да биде доволна за правилно (законито) постапување во процесот на јавни набавки.

Па така, во праксата често се поставува прашањето: Што претставува пазарна цена и како истата се утврдува ? Еве што е потребно да се има предвид кога станува збор за пазарна цена.

Согласно член 2 точка 34 од Законот за јавни набавки (Служебен Весник бр.24/2019) „Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично.

Од дефинирањето на пазарната цена, произлегуваат 4 (четири) битни детерминанти на пазарна цена и тоа:

Детерминанта 1 – „Релевантен пазар“ кој ја претставува понуда и побарувачка на стоки, услуги и работи од ист или сличен вид со предметот на набавка;

Детерминанта 2 – „Предмет на набавка“ се однесува на стоките, услугите или работите кои се побарувани од страна на договорните органи;

Детерминанта 3 – „Развиеност на пазарот“ го претставува обемот на понуда и побарувачка по предмет на набавка;

Детерминанта 4 – „Условите од тендерската документација“ сите услови кои се однесуваат на реализација на договорот/рамковна спогодба како што се: начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;

Конечно, пазарната цена подразбира кумулативно утврдување на сите горенаведени детерминанти и тоа: релевантен пазар, предмет на набавка, развиеност на пазарот и условите од тендерската документација. Од тука, секоја цена која ги содржи сите 4 (четири) горенаведени детерминанти, може да се смета за пазарна цена.

Од друга страна, поимот ВРЕДНОСТ, е поим со поширок опфат од поимот цена. Всушност, цената е само дел од ВРЕДНОСТА. Но, да започнеме со појаснување на терминот ЦЕНА во смисла на ЦЕНА НА ПОНУДАТА.

За ЦЕНА НА ПОНУДАТА се смета онаа вкупна финансиска вредност за која понудувачот е согласен да изврши одреден предмет на набавка. Кај делливите постапки цената на понудата се искажува за секој дел посебно.

За разлика од цената на понудата, ВРЕДНОСТА (во смисла на критериум за избор) е детерминирана како НАЈДОБАРИОТ ОДНОС ПОМЕЃУ ЦЕНАТА И КВАЛИТЕТОТ. Од тука, вредноста е всушност сооднос помеѓу цена и квалитет или искажано преку следната формула:

Вкупна финансиска вредност или ЦЕНАТА НА ПОНУДАТА (бодови) + КВАЛИТЕТ (бодови) = НАЈДОБАР ОДНОС ПОМЕЃУ ЦЕНА И КВАЛИТЕТ – ВРЕДНОСТ (бодови).

Еве еден практичен пример: Доколку договориот орган во тендерската документација предвиди критериум за избор – Најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, во сооднос ЦЕНА 50 бода и КВАЛИТЕТ 50 бода, и притоа добие понуди со следните цени и тоа од:

ПОНУДУВАЧ 1                                         200.000 денари = 25 бода

ПОНУДУВАЧ 2                                         100.000 денари = 50 бода

Доколку хипотетички претпоставиме дека квалитетот идентично го “исполнуваат“ и ПОНУДУВАЧ 1 со 50 бода и ПОНУДУВАЧ 2 со 50 бода, тогаш ВРЕДНОСТА на понудата на ПОНУДУВАЧ 1 ќе се оцени со 75 бода, а додека вредноста на понудата на ПОНУДУВАЧ 2 ќе се оцени со 100 бода. Од тука, произлегува дека вредноста претставува “компромис“ помеѓу цената и квалитетот, односно т.н „најдобрата вредност за вложените средства.“

Конечно, од улогата на договорните органи во процесот на јавни набавки зависи колкав “компромис“ ќе биде поставен помеѓу цената и квалитетот, поточно колку истите се подготвени повеќе да платат, за достигнување на повисок квалитет од минимално бараниот .

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јуни 2022
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мај   Јул »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јуни 2022
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мај   Јул »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!