Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Методологија за корекција(измена) на цени

Posted on јуни 14, 2022јуни 13, 2022

Изработката на тендерската документација е од исклучителна важност за успешноста на постапката за јавна набавка, а потребниот ангажман за нејзина изработка е исклучително голем. Имајќи ги предвид динамичните околности со промените на цените на различни предмети на набавка, а со цел да понудиме почетна основа за разработка на различни можности за корекција на цени, се потрудивме да изработиме Модел на применливи одредби за корекција на цени во тендерските документации.

Еве еден практичен пример за предвидена можност за КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИ во тендерската документација:

КОРЕКЦИЈА (ИЗМЕНА) НА ЦЕНИ

Договорниот орган со оваа тендерска документација предвидува корекција (измена) на цени во време на реализација на Договорот за јавна набавка. Корекцијата (измена) на цените ќе се изврши во согласност со следната методологија.

МЕТОДОЛОГИЈА

НА КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИ

ОПИС НА ПРИРОДА НА КОРЕКЦИЈА

Секоја корекција (измена) на цената (зголемување или намалување) на одредена позиција од  предметот на набавка, која измена е резултат на околности кои носителот на набавка не можел да ги предвиди во моментот на поднесување на понудата и како такви не можат да му се припишат за пропуст, ќе се смета за оправдана. Измената која е резултат на промена на цените на релевантниот пазар поврзан со предметот на набавка, а имајќи ја предвид неговата развиеност и условите во оваа тендерска документација, се смета за оправдана.

ОБЕМ НА ИЗМЕНУВАЊЕ

Минималниот праг на измена на цената (зголемување или намалување) е 5% од понудената цена, а секоја измена под минималниот праг не е дозволена. Комулативните измени кои надминуваат 5% од понудената цена, можат да бидат основ за измена на цената.

Максимален праг на измена на цената (зголемување или намалување) е 20% од понудената цена, а секоја измена над максималниот праг не е дозволена. Максималниот праг се однесува и на комулативни измени на цената.

УСЛОВИ

А) Право на користење на измена на цената

Било која договорна страна има право да побара корекција (измена) на цената и истото го прави по писмен пат, при што задолжително доставува Барање за корекција (измена) на цената.

Б) Докажување на измените

За релевантен доказ ќе се смета секој документ со кој бараната измена  на цената (зголемување или намалување) на одредена стока предмет на набавка, ќе се докаже дека е резултат на околности кои носителот на набавка не можел да ги предвиди во моментот на поднесување на понудата и како такви не можат да му се припишат за пропуст. Секоја промена на цените на релевантниот пазар поврзан со предметот на набавка, имајќи ја предвид неговата развиеност и условите во оваа тендерска документација,  која ќе се докаже со соодветен релевантен доказ се смета за оправдана.

Напомена: Како релевантни докази ќе се сметаат исклучиво официјални јавни податоци од: Државен завод за статистика, Службен весник на РСМ, Меѓународно верификувани берзански податоци и други релевантни извори на пазарни цени .

В) Содржина на барањето за измена

Со барањето за корекција се доставуваат и податоци за обемот на промената/те кои не смеат да бидат помали од минималниот и поголеми од максималниот праг на измена. Барањето за измена мора да содржи прилог од релевантниот доказ за промена. Договорниот орган може да го одбие барањето за корекција на цена во случај доколку процени дека промената ќе доведе до суштинска промена на природата на договорот за јавна набавка или доколку не се исполнети во целост условите за изменување.

Г) Измена на договор за јавна набавка

За секоја оправдана измена, двете договорни страни согласно член 119 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки Службен Весник бр.24/2019, ќе пристапат кон склучување на Измена на договорот за јавна набавка во време на негова важност.

НАПОМЕНА: Овој Модел може да послужи исклучиво само како Пример и сам по себе нема и не може да има употребна вредност без негово дополнително прилагодување и усогласување со потребите на договорните органи.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јуни 2022
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мај   Јул »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јуни 2022
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
« Мај   Јул »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!