Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Јавни набавки во земјите од Европската унија

Posted on јули 19, 2022јули 19, 2022

Областа на јавните набавки во рамките на Европската унија од година во година се повеќе добива на значење. Имено, важноста на јавните набавки произлегува од спознавањето на обемот и можностите кои јавните власти можат да ги користат при правилна употреба на јавни средства за набавка на стоки, работи и услуги. На ваков начин, Европската Унија создаде добро регулиран пазар на јавни набавки, заснован на основните начела на транспарентност, еднаквост и отворена конкуренција, а се со цел  за да се осигура правилната употреба и менаџмент со јавните средства.

Две компоненти се од особено значење при јавните набавки во рамките на Европската Унија. Првата компонентата е општествена одговорност, а втората компонентата на социјалната одговорност.

Оттука, се прави дистинкција помеѓу:

  • Општествено одговорните јавни набавки (ОПЈН) се оние јавни набавки кои имаат за цел да влијаат врз општеството токму преку набавките спроведени од страна на јавниот сектор.
  • Социјално одговорните јавни набавки (СОЈН) се оние јавни набавки кои имаат за цел имплементирање на социјални компоненти во јавните договори за да се постигнат позитивни социјални резултати.

Во месец септември, Европската комисија го објави извештајот за општествено одговорни јавни набавки како и објави 71 случај на добри практики, со кои се настојува да се прикаже позитивното влијание на јавните набавката врз поширокиот пазар на стоки, услуги и работи. Со овие јавни набавки се настојува да се промовирааат можности за вработување, пристојна работа, социјална вклученост, пристапност, дизајн за сите, етичка трговија, усогласеност со социјалните и еколошките стандарди и слично.

Исто така, во Извештајот на Европската комисија се потенцира особено големото влијание на јавните набавки во секторите каде што е доминантен јавниот интерес и тоа: градежништво, здравство и транспорт. Овие сектори имаат значаен придонес на пазарот и креираат поголем број на пошироки општествени и социјални вредности. Спознавајќи го фактот дека договорните органи трошат околу 14 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ, нивната “моќ“ е значајна, па така, преку Политиките на Европската унија се даваат конкретни предлози за вреднување на општествените и социјални компоненти во различни предмети на набавка како што се: чистење и управување со објекти, храна/угостителски услуги, мебел, градинарски услуги, социјални услуги, ИКТ, текстил и други.

И покрај моменталната состојба на зголемен тренд на јавни набавки со примена на општествените и социјалните компоненти во рамките на Европската Унија, сепак сè уште постојат многу предизвици кои во иднина треба да бидат земени предвид. Така во Извештајот се констатира дека “истражувањето на пазар“ е исклучително важна алатка која треба да се применува. Оваа алатка е корисна како за договорните органи кои имаат обврска да подготват тендерска документација, така и за економските оператори кои подготвуваат понуди. Истражувањето на пазарот според Европската комисија, нуди решенија и за двете страни.

Што се однесува до социјалната компонента на јавните набавки, истата најдобро може да се имплементира преку употребата на т.н резервирани договори. Всушност, преку резервираните договори, социјално ранливите групи полесно и поправично можат да се интегрираат во системот на јавните набавки.

Еве еден пример за тоа:

Шпанската покраина Саламанка искористила таков резервиран договор за одржување на зелените површини во градот кој договор го доделила на социјално претпријатие за работна интеграција (WISE). WISE е непрофитен оператор, фокусиран на локалниот развој и грижата за животната средина, чија главна цел е трудова интеграција на луѓето во ситуација на социјална исклученост. Како такви, резервираните договори се вредна алатка за заштита на ранливите категории на граѓани и животната средина.

Конечно, Европската комисија до неодамна имаше посебен пристап кон општествено одговорните јавни набавки и зелените јавни набавки како две посебни правци на одржливи набавки, но, тенденцијата во иднина ќе биде да се охрабрат јавните власти во рамките на Европската унија, подеднакво да ги интегрираат и социјалните и зелените аспекти во нивните јавни набавки.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!