Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Набавка на зеленчук за домовите за стари лица во Виена

Posted on јули 20, 2022јули 20, 2022

Еден успешен практичен пример за набавка на земјоделски производи преку постапка за јавна набавка, е токму примерот со градот Виена. Согласно Програмата на град Виена за промовирање на зелени критериуми при набавка на храна, се успеа да се обезбедат добавувачи кои се способни да добавуваат висококвалитетна, органска храна, користејќи обновливи извори на енергија и одржлив транспорт.

Еропската комисија во 99-тото издание на GPP In practice од септември 2020 година, го презентира следниот практичен случај на процесот на одржливи јавни набавки во градот Виена.

Според Програмата за одржливи јавни набавки на град Виена, кој како проект започнал во 1998 година, била предвидена соработката на различни одделенија и служби на Градската  администрација. Повеќе од 20 години подоцна, оваа Програма продолжува да биде еден од главните двигатели за исполнување на Стратегија за заштита на климата (KliP Wien).

Важна цел на (KliP Wien) е поставувањето на „органска квота“, од најмалку 30% органско земјоделко производство. Во неколку области, учеството на органските производи во градот Виена е подигнато над минимумот од 30%, вклучително и во домовите за стари лица, каде во моментов околу 35% од производите се органски.

Градот Виена секојдневно има потреба од околу 100.000 оброци за детски градинки, училишта, медицински и старечки установи, а целта на градот е континуирано да ги развива критериуми во смисла на одржливост.

Која е целта на јавната набавка ?

Во 2019 година, градот Виена има потреба од доделување на рамковна спогодба за јавна набавка и испорака на т.н „земјен зеленчук“, односно зеленчук што расте директно во или на почвата, а со цел снабдување на домовите за стари лица управувани од градот. Поради оваа потреба, објавен е оглас за јавна набавка на зеленчук за збирни потреби на 31 старски дом на територија на град Виена.

Со оваа јавна набавка, градот Виена имаше за цел да ја поттикне одржливоста на храната долж целиот синџир на снабдување, односно од производство до испорака. Ова подразбира дека при набавката потребно е да се земат предвид барања за садниците да бидат сертифицирани како органски, да се охрабрат добавувачите да одгледуваат млади растенија во сопствените расадници, да се користат обновливи извори на енергија, да се користи само органски компост како ѓубриво, да се охрабрат понудувачите да ја намалат употребата на пакување,  како и да се намали потребата од транспорт или да се користи транспорт со што е можно пониски емисии на CO2.

Што е предмет на рамковна спогодба ?

Рамковната спогодба се однесува на неделна испорака на зеленчук во домовите за стари лица во Виена, управувани од градот. Зеленчукот вклучува: кинеска зелка, жолт морков, морков, разни видови компири, лук, савојска зелка, црвена зелка, зелка, шилеста зелка, праз, пашканат, магдонос, корен од магдонос, црвена репка, млад кромид, целер, црвен и бел кромид.

Кои се критериуми за доделување на рамковната спогодба ?

Рамковната спогодба е доделена со употреба на критериумот за избор на најповолна понуда – економски најповолната понуда како најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.

Методологијата на изразување на квалитетот е следната:

  1. Цена (30 бода)
  2. Квалитет (40 бода)
  • Информативни листови за секој зеленчук од понудата (3 бода)
  • Исполнување на бараните технички спецификации врз основа на понуден технички опис (ако да: 5 бода, ако не: 0 бода)
  • Понудени доброволни хигиенски ревизии (2 бода)

3. Персонал (5 бода)

  • Минимум 15 вработени лица кај економскиот оператор

4. Логистички концепт (15 бода)

  • Понуден логистички концепт (1 бод)
  • Обезбедување на 124 испораки годишно до сите можни 31 локација (1 бод)
  • Можност за последователна испорака во рок од два часа од главната испорака (1 бод)
  • Намалување на транспортното растојание (понуда со најкратко растојание од производната област до референтна локација во Виена: 5 бода, второ најниско: 3 бода, трето најниско: 1 бод, сите останати: 0 бод.
  • Сопствена флота (сопствени превозни средства) со сертификат EURO V, VI или повисоко (европски стандарди за емисии на возила (2 бода)

5. Концепт за услуги за клиентите (10 бода)

  • Обезбедување на точка за контакт за сите 31 старечки дом (6 бода)
  • Обезбедување на канцеларија за примање нарачки по телефон од минимум 7:00 до 15:00 часот (2 бода)
  • Обезбедување на канцеларија за изработка на рекламации по телефон од минимум 7:00 часот најрано до 15:00 часот (2 бода)

Како се исполнуваат техничките спецификации ?

За спецификациите на производите да се сметаат за исполнети, сите производи треба да бидат органски сертифицирани (австриска органска ознака 1, органска етикета на ЕУ или еквивалентно). На тендерот биле прецизирани и дополнителни инсектициди кои не треба да се користат при производството, како што е спиносад. За сите производи, се бара семето да биде од органско сертифицирано производство, односно нехибридни семиња и без ГМО.

Согласно горенаведеното, производителите потребно било да користат само компост со органски квалитет како ѓубриво. Зеленчукот требало да се испорача во што е можно поголема серија, поточно со цел намалување на пакувањето. Најмалку 50% од зеленчукот потребно било да се одгледува во сопствениот расадник на понудувачите, користејќи обновлива енергија. Овој критериум се однесувал на системите за греење што се користат во расадничките оранжерии. Како верификација, понудувачите требало да достават elf-декларација, која договорниот орган ја проверува преку теренска проверка неколку пати во текот на периодот на испорака на договорот.

Какви клаузули предвидувала рамковната спогодба?

Дел од обврзувачките клаузули од рамковната спогодба предвидуваат:

  • Доколку понудувачот се обврзе да снабдува органски производи, резултатите од ревизијата на органското производство треба да се доставуваат редовно, секогаш кога се спроведува ревизија или се обновува органската сертификација
  • Секоја установа треба да може самостојно да нарача зеленчук
  • Пакувањето да може да се рециклира, а носителот на договорот е одговорен за соодветното отстранување, што значи дека добавувачот прави поврат на пакувањето, односно го зема назад
  • итн

Кои се резултатите од постапката ?

Во постапката учествувале 4 понудувачи и сите ги исполниле критериумите за доделување на рамковната спогодба и понудиле само производи кои се сертифицирани како органски. Рамковната спогодба е доделена на компанијата „Grünzeug & Mehr“ во времетраење од 24 месеци. Вредноста на рамковната спогодба е приближно 700.000 евра за ориентациони количина од 635.648 кг зеленчук, кој треба да се купи годишно. Сите производи што ги понудила компанијата се сертифицирани како органски.

Какви се влијанијата врз животната средина ?

Влијанијата врз животната средина од производството и испораката на зеленчук можат да се квантифицираат преку производството и употребата на хемиски ѓубрива, деградацијата на почвата и осиромашувањето на почвата како резултат на земјоделските практики. Општите влијанија ги вклучуваат и емисиите на CO2 поради производството и транспортот на храна. Органските сертифицирани производи купени преку овој тендер во голема мера придонесуваат до намалување на влијанието врз животната средина, почвата и подземните води што произлегуваат од пестицидите и хербицидите. Органското производство ја исклучува и употребата на минерални нитратни ѓубрива, што го намалува штетното влијание врз подземните води. На тендерот, исто така, била земена предвид и употребата само на органското ѓубриво, што всушност придонесува до намалување на влијанието на производството и транспортот на синтетички ѓубрива и го промовира здравјето на почвата. Со барањето за најкратко растојание за транспорт на храна, емисиите на CO2 поврзани со транспортот на храна може да се минимизираат. Исто така, користењето на обновлива енергија во своето работење од страна на носителот на набавката, придонесува за пониски емисии на CO2.

Заклучок

Може да се оцени дека оваа постапка за јавна набавка е спроведена успешно од причина што сите понудувачи ги исполниле критериумите за доделување на рамковната спогодба и на тој начин била создадена реална конкуренција. Набавката покажува дека виенската програма за промовирање зелени критериуми при набавка на храна резултирала со добивање на понудувачи кои се способни да добавуваат:

  • висококвалитетна органска храна,
  • да употребуваат обновлива енергија во процесот на производство
  • да употребуваат одржлив транспорт
  • да ја намалат употребата на пакување колку што е можно,
  • да вршат рециклирање на амбалажата.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!