Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Комбиниран модел на јавна набавка на т.н “зелени“ и “здрави“ градежни објекти

Posted on јули 21, 2022јули 22, 2022

Европската комисија во 109-тото издание на GPP In Practice од декември 2021 година, презентира инересен практичен пример на спроведена јавна набавка на градежни работи во Јужноморавскиот регион, лоциран во југоисточна Чешка.

Регионот се карактеризира со висорамнини, Моравскиот карст, мноштвото на пештери и клисури кои обезбедуваат идеални услови за лекување на респираторни заболувања. Повеќе од 35 години, Детскиот здравствен центар , нуди спелеотерапија (метод на климатски третман кој ја користи специфичната пештерска клима како природен ресурс). Тоа е единствениот центар за лекување во Чешка што користи карстна пештера за спелеотерапија. Здравствениот центар е изграден во 1980-тите како привремена зграда, главниот павилјон кој се користи и денес. Сепак, неговото работење не е многу економично, амбиентот за клиентите и персоналот не одговара на денешните стандарди и капацитетот од 42 кревети е недоволен и не може да ја задоволи моменталната побарувачка.

Која е целта на оваа јавната набавка ?

Главната цел на набавката е да му се даде на пазарот можност да го покаже најдоброто градежно решение со естетски попријатна и попогодна архитектура за корисниците и секако енергетски ефикасна. Процесот на јавна набавка вклучувал и претходна проверка на пазарот, со цел тестирање на јасноста и изводливоста на постапката, како и вклучувал технички дијалог со цел да се обезбеди подетален опис на планираниот процес на набавка и потребната содржина на тендерската документација.

Како таква, спроведената постапката за јавна набавка е комбинација од повеќе постапки, поточно комбинација од конкурентна постапка со преговарање и конкурс за избор на идејно решение (како завршна фаза на тендерот). За прв пат досега, регионот на Јужна Моравија го примени пристапот за дизајн и градење (DB)1 и моделирање на информации за градење (BIM) во фазите на дизајнирање, имплементација и оперативна работа.

Стручна, независна комисија за евалуација составена од архитекти, раководството на Центарот и вработени, била одговорна за сеопфатна евалуација на понудите.

Каков критериуми за избор е користен ?

Договорниот орган одлучил да го користи она што сметал дека е најефикасен и најтранспарентен начин, поточно утврдил фиксна цена и избор на добавувач само според квалитативни критериуми. Вкупните критериуми во оваа постапка за јавна набавка не се пондерирани, туку рангирани според нивната важност.

 Еве дел од принципи за одговорни набавки кои се превземени во овој случај :

  • Вклучување на операторот на Центаот како надворешно стручно лице во подготовката и спроведување на процесот на набавка,
  • Употреба на истражување на пазарот за презентирање на проектот, неговите цели и консултирање со потенцијалните изведувачи за соодветниот пристап и параметри за набавката,
  • Давање можност на понудувачите да дојдат до иновативно и ефикасно решение за да го постигнат најдобриот можен резултат на проектот,
  • Ставање акцент на законско вработување, правични и достоинствени услови за работа и соодветно ниво на заштита при работа за сите лица кои ќе бидат вклучени во извршувањето на предметот на набавката.

Кој е предметот на договор ?

Изградба на детски здравствен Центар со спелеотерапија со сеопфатна употреба на комбинација од методите на дизајн и градење.

Избраниот најповолен понудувач е одговорен за целата подготовка на проектот, од фазата на архитектонско проектирање, до самата градба и во првите три години од работењето ќе биде одговорен и за управување со енергијата, а со цел да се постигнат планираните параметрите за заштеда на енергија на објектот.

Кои се основните барања на договорниот орган?

Понудувачите имаат обврска да покажат дека имаат меѓу другото, искуство во дизајнирање и изградба на згради кои користат: обновлива енергија, обновување на топлина, технички системи за греење, вентилација и ладење кои постигнуваат висок степен на удобност во затворен простор и дека нивниот тим за имплементација има доволно претходно искуство во соодветните области, на пр. Дизајн и изградба, FIDIC (Меѓународна федерација за консултантски инженери) или BIM.

Кои се техничките спецификации ?

Дел од техничките спецификации кои се обврска на подготовка од страна на понудувачите се однесуваат на:

  • Презентирање на оперативна шема
  • Обем и опремата на објектот
  • Опис на дневниот режим  
  • Презентирање на идеја за стандардното функционирање на Центарот
  • Опис на активностите на клиентите и персоналот
  • Опис на поединечни простории, нивната намена, врски, барања за опрема, •
  • Опис на применети стандарди
  • Опис на минимални параметри и карактеристики при користење на дадени производи и процеси,
  • Документи за подготовка на план за извршување на БИМ – Барања за информации за работодавачот (EIR),
  • План за извршување на BIM пред договор.

Предвидениот објект потребно е да ги задоволува следните барања:

  • капацитет од мин 78 лица (деца и членови на нивните семејства)
  • приближно 35 вработени,
  • објекти за рехабилитација (вклучувајќи гимназија, сауна и затворен базен со солена вода),
  • угостителски објекти,
  • трпезарија за 80 лица,
  • сервисен простор,
  • игралиште на отворено,
  • градина и
  • 25 паркин места.

Критериуми за доделување на договор

Критериумите за доделување на договорот за јавна набавка се предвидени во опаѓачки редослед на важност, и тоа:

  • Целокупен урбанистичко-архитектонски квалитет на дизајнот,
  • Квалитет на енергетски и технолошки решенија,
  • Исполнување на оперативните барања на задачата,  
  • Квалитет на тимот за имплементација на понудувачот (неговото релевантно претходно искуство),
  • Додадена вредност (опции однапред дефинирани од договорниот орган).

Квалитетот на енергетските и технолошките решенија се состои од:

  • Просечен коефициент на пренос на топлина на зградата, за кој Uem ≤ Uem,rec2 (односно препорачан коефициент на пренос на топлина)  
  • Необновлива потрошувачка на примарна енергија (NPE) [kWh/година], претворена во вкупна референтна енергија (специфичен NPE во kWh/m2.година) за кои NPE < 120 kWh/m2 година (сите енергетски услуги) •

Покрај горенаведените, употребени се и следните подкритериуми:

  • минимизирање на трошоците за одржување и сервис,
  • минимизирање на оперативните трошоци за енергија,
  • соодветнос на изборот на HVAC системи во однос на постигнување удобност во станбените области
  • како да се интегрираат HVAC системи и извори на енергија во зградата во однос на визуелната и акустична удобност,  
  • интерконекција на системите за климатизација и извори на енергија, вклучително и обновување на топлина.

Какви се влијанијата врз животната средина ?

Избраниот понудувач понудил голем број на одржливи решенија, вклучително и еднократно (или целосно рециклирање) на компоненти на главната конструкција и решение за внатрешен дизајн што овозможува едноставни прилагодувања на распоредот во иднина. Дизајнот на зградата предвидува и собирање на дождовница и нејзина последователна употреба за наводнување. Понатаму, избраниот понудувач се обврзува да постигне годишна потрошувачка на необновлива примарна енергија (НПЕ) во вредност од 93 kWh/m2/година и просечен коефициент на пренос на топлина преку обвивката на зградата (Uem) од 0,21 W/(m2.K ) (со цел Uem ≤ 0,25 W/m2K).

Останатите понудувачи понудија и компостирање на органски отпад и внатрешно зеленило во форма на аеропонски цветни леи кои овозможуваат целогодишно одгледување на билки, овошје и зеленчук и служат како едукативен и естетски импресивен елемент за децата.

Заклучок

Од спроведената постапка можад да се изведат повеќе заклучоци. Прелиминарните пазарни консултации и технички дијалог се од големо значење, особено кога договорниот орган презема нов пристап кон набавките. Соодветно е да се презентираат намерите и целите на потенцијалните добавувачи, да се добијат повратни информации од пазарот или да се најдат други информации релевантни за подготовка на постапката за набавка. Можеби беше попрактично за првичното тестирање да се избере проект со поедноставен тип на работа или технички стандарди. Барање за повратна информација е испратено до сите субјекти и лица кои биле вклучени во подготовката и конкретната постапка за набавка, како и сите кои учествувале во постапката за набавка. Ова беше со цел да се дознаат силните и слабите страни на користењето на оваа постапка за набавка, согледаните предности и недостатоци од ваквото спроведување на договорот за јавна набавка. При поставување на фиксна цена, од суштинско значење е да се размислува за обезбедување простор за да им се овозможи на добавувачите да покажат дополнителна корист (додадена вредност на нивната понуда), односно квалитетно и иновативно решение во однос на архитектурата, употребените материјали или потрошувачката на енергија, како и од аспект на одржливоста воопшто. Повратните информации од техничкиот дијалог, исто така, го привлекоа вниманието на ризикот од фиксна цена, при што се заклучи дека набавката мора да се одреди исклучително внимателно, така што проектот е остварлив за обемот и квалитетот што се бара. Сепак, во исто време, договорниот орган мора да внимава да не го преплати добавувачот.

Генерално, добиените повратни информации од техничкиот дијалог се широки и различни во зависност од тоа кој ги дал. Архитектите посочиле дека доколку имало посебен конкурс за архитектонско идејно решение за изработка на проектната документација, можеби ќе биле поднесени повеќе понуди. Изведувачите го ценеле квалитетот на обезбедените документи и исто така заклучиле дека овој концепт  овозможува поефикасна комуникација помеѓу архитектот и изведувачот (или други субјекти од страната на изведувачот) веќе во фазата на подготовка на проектот , како и последователно за време на имплементацијата, вклучително и тековната оптимизација на проектот, која може да се прошири во оперативната фаза.

Генерално, транспарентниот пристап во комуникацијата беше позитивно оценет. Исто така може да се заклучи дека овој пристап има широката употреба на методот BIM , што (иако поскапо) се смета дека доведува до подобро извршување (во однос на проектната документација и самата градба) и поефикасно функционирање на објектот. Оваа конкретна постапка за набавка покажа дека користењето на пристапот на DB (дизајн и градење) може да биде интересен и легитимен начин за договорните органи за спроведување на проекти од големи размери. Овој концепт на тендер, се смета дека особено овозможува и поттикнува давање понуди на одржливи и иновативни решенија.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!