Skip to content
Menu
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Дома
  • За ЕСЈН
  • Совети и прописи
    • Побарај совет
    • Актуелно
    • Корисни совети
      • Совети за започнување на постапка
      • Совети за условите за утврдување способност
      • Совети за критериуми за избор
      • Совети за посебни начини на доделување договор
      • Совети за отварање / евалуација / избор
      • Совети за понуди
      • Совети за правна заштита
      • Совети за склучување/изменување на договор
      • Совети за исклучоци од ЗЈН
      • Останати совети
    • Прописи
      • Закони и подзаконски акти
      • Клучна терминологија
    • Модели на документи
      • Договорни органи
      • Економски оператори
  • Анализи и истражувања
    • Анализи
      • Планирани набавки
      • Реализирани набавки
    • Истражувања
      • Анкети
      • Публикации
  • Нетворкинг
    • Статии
    • Интервјуа
    • Настани
  • Смарт услуги
    • База на податоци
      • Усвоени/уважени жалби
      • Одбиени жалби
      • Отфрлени жалби
    • Е-учење
  • Контакт
ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Победа на трката за намалување на употребата на пакување во Барселона

Posted on јули 22, 2022јули 22, 2022

Европската комисија во своето 99-тото издание на Публикацијата „GPP In practice“ од септември 2020 година, го презентира практичното искуство на Спортскиот институт од Барселона за реализирање на т.н “зелена“ јавна набавка. Деталите од набавката се презентирано подолу.

Повеќе од 40 години, трката Ла Мерсе (Cursa de La Mercè) се одржува секој септември, а како дел од прославите „Ла Мерсе“ во Барселона. Трката на 10 километри е организирана од градот Барселона и е еден од стотиците бесплатни настани кои ги прославува градот и каталонската култура. Пред трката, секој натпреварувач добива специјална тркачка маичка, која може да ја носи на денот на трката за да го одбележи како еден од учесниците. Трката се одржа и во 2020 година со соодветни безбедносни мерки на претпазливост, па дури беше планирано и „виртуелно“ поврзување како дел од специјалното шоу на солидарност против COVID19.

Организаторот на трката, Спортскиот институт од Барселона (IBE), е посветен на намалување на влијанието на спортските настани врз животната средина и го идентификуваше намалувањето на отпадот како приоритет во својот план за “позеленување за трката Ла Мерсе“. Покрај замената на пластичните чаши за еднократна употреба , Спортскиот институт од Барселона (IBE) сакаше да го намали и создадениот отпад кога спортистите ги добиваат своите маици. Претходните години поделените маички биле поединечно завиткани во пластични кеси, кои веднаш ги фрлале учесниците на трката. Исто така, Спортскиот институт од Барселона (IBE) сакаше да купи маици кои ги задоволуваа стандардите MADE IN GREEN од OEKO TEX, за да се осигура дека маиците се ослободени од штетни хемикалии и направени под безбедни работни услови. Дополнително, се настојуваше да ги намалат и емисиите на ЦО2 при испораката на маици.

Која беше целта на набавката ?

Покрај пластичните кеси кои ја обвиткуваат секоја маица, Спортскиот институт од Барселона (IBE) забележа и дека маичките се доставуваат со многу вишок картон. На пример, во 2018 година, над десет илјади маици беа испорачани во кутии од 50, за кои беа потребни 310 трослојни брановидни картонски кутии. Овие кутии, исто така беа обложени со дополнителен картон. Спортскиот институт од Барселона (IBE) пресметал дека при тогашната испорака биле користени 398,41 м2 картон (речиси со големина на кошаркарско игралиште), со тежина од 425 килограми.  

Поради горенаведеното, Спортскиот институт од Барселона (IBE) одлучил дека е потребно намалување на пакувањето во своите критериуми за доделување на договор за јавна набавка и креираше јасен метод за објективно оценување на намалувањето на пакувањето, како и метод за следење на намалувањето на пакувањето. Во 2018 година, Спортскиот институт од Барселона (IBE) објави оглас за набавка на маици за трките кои претстојат во 2019, 2020 и 2021 година. За 2019 година на тендерот барани се количини од 13.180 маици, а за 2020 и 2021 година предвидено е дека количините ќе бидат потврдени 10 месеци пред одржување на секоја трка.

Предмет на договорот за јавна набавка

Предмет на овој договорот за јавна набавка е снабдување со маици за трката Ла Мерсе за период 2019-2020-2021, со примена на одржливи мерки при јавната набавка.

Критериум за доделување на договорот за јавна набавка

За конкретниот предмет на набавка предвидени се следните критериуми за избор на најповолен понудувач:

Вкупен број на бодови е 100 бода, кои се распределени на следниот начин:

Цена (34 бода)

Најголем број на бодови се доделува за најниската понудена цена (т.е. со исклучок на невообичаено ниските цени). Останатите понуди им се доделуваат бодови на пропорционална основа. Максималниот буџет за овој тендер е 146.211 евра (со вклучен ДДВ). Понудите со повисука цена од максималната ќе се сметаат за неприфатливи.

КВАЛИТЕТ (66 бода)

Поделемент – Транспорт (10 бода)

Начинот на бодување на овој поделемент е преку мерење на квалитетот на возилата за локална испорака предложени од понудувачите, поточно преку нивното влијание врз животната средина  (потврдено според класификацијата DGT на Шпанија) и тоа на следниот начин:

  • Возила со нула емисија – електрични возила за транспорт на стоки во сите нивни варијанти (електрични, продолжени електричен опсег, plug-in хибрид со електричен досег од најмалку 40 км, водород) (10 бода)
  • ЕКО-возила – plug-in хибриди со електричен досег помал од 40km, non-plug-in хибриди, природен гас или течен гас (6 бода)  
  • Возила со значка C – возила на бензин кои се во согласност со стандардот Еуро 4, 5 и 6, или дизел возила со Еуро 6 (2 бода)
  •  Други возила со ознака Б или без ознака (0 бода)

Поделемент – Отпад (18 бода)

Од понудувачите е побарано да се претстави техничко досие во кое се опишува дизајнот на кутијата што ќе се користи за пакување на маиците, вклучувајќи го вкупниот број на кутии, масата на секоја кутија, вкупната маса на пакување означена како (TMP) и пресметка на процентот на намалување на отпадот (PWR) а користејќи ја следната формула:

PWR = 100 – (100xTMP) / 425,01

Намалувањето на употребата на амбалажа од картон е оценувана по следната скала:  

  • Намалување еднакво или поголемо од 75% од отпадот (12 бода)
  • Намалување на отпадот од 50% до 74,99% од отпадот (5 бода)
  • Намалување на отпадот од 25% до 49% од отпадот (2 бода)
  • Намалување на помалку од 25% од отпадот (0 бода)

Дополнителни 6 бода за поделементот – отпад во постапката е предвидено за целосна елиминација на поединечните пластични кеси.

Поделемент – Зелени влакна (18 бода)

Маиците е предвидено да се изработат од влакна произведени на начини кои не се штетни за животната средина или здравјето, или со употреба на рециклирани влакна, а потврдени со:

  • Сертификат MADE IN GREEN од OEKO TEX, или еквивалентно (9 поени)
  • Сертификат за употреба на рециклиран полиестер (9 поени)

Поделемент – Дизајн (12 бода)

При евалуација на поделементот-дизајн во предметната постапка за јавна набавка се настојувало да се даде соодветна вредност врз основа на:

  • Дизајн (естетски карактеристики) на производот (4 бода),
  • Удобност на производот (6 бода)
  • Дишливост на производот (2 бода).

Како неопходен услов за утврдување на поделементот-дизајн, од понудувачите е барано да достават мостри од машки и женски маици со средна големина, како и копија од каталог и останата техничка документација за употребените ткаенини.

Поделемент – Период на производство (8 бода)

Исто така, за договорниот орган од важност е и периодот на производство, односно рокот на испорака, па така,  8 бода се предвидени за намалување на производниот период пред крајниот рок за испорака.

Избор на најповолен понудувач

Конечно, при спроведувањето на постапката за јавна набавка, до крајниот рок за доставување на понудите, доставени биле четири понуди, од кои една е оценета за неприфатлива од причини кои не се поврзани со критериумите за одржливост, а останатите три се оценети за прифатливи. Избраниот понудувач Master Touch Publicidad SL освоил вкупно 77,6 бода од можните 100, поточно и избраниот понудувач и второрангираниот освоиле ист број на бодови за (6 поени за транспорт, 18 поени за намалување на отпадот и 9 поени за зелени влакна), а цената била одлучувачки фактор, при што избрана е понуда е со пониска цена, односно со цена од 142.341,25 евра.

Влијанија врз животната средина

Како резултат на оваа јавна набавка, новите маици се сертифицирани од MADE IN GREEN OEKO TEX, а се испорачуваат со користење на ECO возила, што доведува до помала емисија на CO2 и го намалува загадувањето на воздухот во градот. Пакувањето што се користи за испорака на маиците е намалено за над 75%, преку испораката на маиците во гајби за повеќекратна употреба кои компанијата ги зема назад. Најповолниот понудувач, исто така, целосно ги елиминира пластичните кеси за еднократна употреба.

Заклучок

Оваа постапка за јавна набавка и доделен договор, докажуваат дека пазарот е подготвен и способен да исполни низа еколошки решенија. Две од понудите, вклучувајќи ја и најевтината понуда, можеа да ги исполнат сите еколошки критериуми, нудејќи маици со еколошки ознаки, испорачани со еко возила и користење помалку пакување.

Кога се оценува намалувањето на отпадот, важно е да се предвидат објективни, транспарентни и јасни критериуми. За да го направите тоа, неопходно е однапред да се планира и да се постави основна линија (што значи, да се знае точната количината на пакување што се користи во моментот).

За да се обезбеди бараниот квалитет, неопходно е да се следи испораката, поточно за непочитувањето на одредбите од договорот да се предвидат соодветни казни. Овој мониторинг продолжува да се врши и дополнително детектирано е дека маиците сè уште се испорачуваат со хартија, која се вметнува за да се заштити отпечатокот на маичката.

Во идните години, градот Барселона исто така ќе се обиде да го елиминира овој отпад. Конечно, општата посветеност на зелената трка Ла Мерсе помогна да се овозможи овој пристап.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Р Е Г И С Т Р А Ц И Ј А

ЗАПОЧНЕТЕ БЕСПЛАТНО

ИЛИ

ПРЕВЗЕМЕТЕ ПОНУДА

ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

е специјализирна веб платформа наменета за информирање, советување и едукација од областа на јавни набавки. Ние сме посветени на креирање квалитетни содржини од интерес на јавните институции, приватните компании, стручните лица (практичари), едукаторите, менторите, истражувачите, студентите и сите оние поединци кои имаат потреба од специјализирани знаења, вештини и информации поврзани со јавните набавки.

Календар

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

  • ОПШТИ УСЛОВИ
  • УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
  • ДОСТАПНОСТ

КАТЕГОРИИ

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

АРХИВА

  • ноември 2022
  • октомври 2022
  • септември 2022
  • август 2022
  • јули 2022
  • јуни 2022
  • мај 2022
  • април 2022
  • март 2022
  • февруари 2022
  • јануари 2022
  • декември 2021
  • ноември 2021
  • јули 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

КОМЕНТАРИ

  • Николовски Ненад на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Brashnarov на Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
  • Fitim на Како да се унапредат административните капацитети во јавните набавки ?
  • Тони на Дали при предмет на набавка на услуги за посебен линиски превоз на патници, во тендерската документација задолжително треба да се предвиди и посебениот услов за вршење на професионалната дејноста ?
  • РОЗА на Дали е дозволено во техничката спецификација, договорниот орган да ја ограничи оддалеченоста на понудувачот од договорниот орган, во случај кога само дел од предметот на набавка зависи од оддалеченоста ?

ПОВАЖНИ ЛИНКОВИ

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

Државна комисија за жалби по јавни набавки

Биро за јавни набавки

Електронски систем за јавни набавки

E-ПАЗАР на набавки од мала вредност

Државна комисија за спречување на корупцијата

Државен завод за ревизија

Комисија за заштита на конкуренцијата

EСЈН - Каталог

Контакт

Телефон: 070/381-387

Мејл: soveti@esjn.mk

овозможено од

Друштво за консалтинг и услуги СМАРТ КОНСАЛТИНГ СОЛУШНС Скопје

категории

  • Актуелности (219)
  • Интервјуа (6)
  • Настани (23)
  • Останати совети (10)
  • Планирани набавки (13)
  • Промоции (3)
  • Реализирани набавки (37)
  • Склучување/Изменување на договор (12)
  • Совети за евалуација (38)
  • Совети за започнување на постапка (67)
  • Совети за исклучоци од ЗЈН (9)
  • Совети за критериуми за избор (6)
  • Совети за понуди (55)
  • Совети за правна заштита (14)
  • Совети за рамковна спогодба (13)
  • Совети за условите за утврдување способност (24)
  • Статии (38)

КАЛЕНДАР

јули 2022
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
« Јун   Авг »

АДРЕСА

КОМПЛЕКС НАСТЕЛ Тафталиџе

Булевар „8-ми Септември“ бр.3 – 2/ 24

 1000 Скопјe

©2023 ЕКСПЕРТСКИ СОВЕТИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ | Powered by WordPress and Superb Themes!