Друштвото за консалтинг и услуги Смарт Консалтинг Солушнс ДОО Скопје, Ве поканува на тридневна обука на тема „Менаџмент со јавни набавки во услови на променливи пазарни цени“, која ќе се одржи од 14. до 16. Септември во Хотел Дрим Струга.
Во тековнава 2022 година, договорните органи и економските оператори се соочија со голем број на предизвици меѓу кои Измена на законот за минимална плата, исклучително динамични цени на електричната енергија, нафтените деривати, прехранбените стоки и др.
Овие состојби доведоа до исклучително сериозни предизвици во Менаџирањето со јавните набавки во услови на променливи пазарни цени. На обуката ќе дискутираме за моменталните состојби и ќе понудиме конкретни решенија кои се применливи во праксата.
Погледнете ја ПОКАНАТА за овој настан.
Пријавувањето го правите со пополнување на ПРИЈАВЕН ЛИСТ и испраќање на dimitrievska@scs-consalting.com најдоцна до 09.09.2022 година.
Повеќе инфо на 071/916-732.