Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или раководните службеници кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот, и согласно со член 38 став 3 од законот, го известува органот на управување или органот кој е надлежен…
Категорија: Останати совети

Како треба да постапи претседателот, членовите (или заменикот на претседателот, и замениците на членовите во случај кога некој од нив учествува во постапката) во комисијата, во случај на судир на интереси ?
Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата, истите се повлекуваат од работа во комисијата, и согласно со член 38 став 2 од законот, го известуваат одговорното лице, и се заменуваат со други лица. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Во која фаза од постапката за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице треба да ја потпишат изјавата за непостоење судир на интереси ?
Кај комисијата за јавни набавки, постоењето односно непостоењето на судир на интереси се утврдува во фазата на евалуација на понудите (без оглед на видот на постапката), бидејќи претходно содржината на понудите е доверлива и не се знае кој понудувач учествува со своја понуда. Во оваа фаза од постапката, членовите на комисијата треба да потпишат изјави…

Дали изјавата за непостоење судир на интереси претставува дел од досието од спроведена постапка ?
Да, изјавата за непостоење судир на интереси на претседателот, членовите (или заменикот на претседателот, и замениците на членовите во случај кога некој од нив учествувал во постапката) на комисијата за јавна набавка, како и на одговорното лице претставува дел од досието од спроведена постапка. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Дали учеството во техничкиот дијалог се смета за учество во изработка на тендерската документација ?
Не, учеството во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на тендерската документација во смисла на член 36 став 1 од Законот за јавните набавки. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Дали лицата кои учествуваат во изработка на тендерската документација смеат да бидат понудувачи или членови во група понудувачи во постапката за јавна набавка ?
Не, лицата кои учествуваат во изработка на тендерската документација согласно со член 36 став 1 од законот, не смеат да бидат понудувачи или членови во група понудувачи во постапката за јавна набавка. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Дали лицето за јавни набавки кое учествувало во постапки каде што вкупната вредност на договорите доделени на одреден носител на набавка во последната година пред престанок на работниот однос е поголема од 5% од вкупната вредност на сите договори кои договорниот орган ги склучил во тој период, смее по престанокот на работниот однос кај договорниот орган, да заснова работен однос кај тој носител на набавката ?
постапки за јавни набавки, каде што вкупната вредност на договорите доделени на одреден носител на набавка во последната година пред престанок на функцијата или на работниот однос е поголема од 5% од вкупната вредност на сите договори кои договорниот орган ги склучил во тој период, или со него поврзани лица, не смее во рок од…

Доколку лицето за јавни набавки има информации за сторена корупција, како треба да постапи ?
Лицето за јавни набавки или кое било друго лице ангажирано кај договорниот орган, како и секое заинтересирано лице кое има информации за сторена корупција согласно со член 34 став 1 од законот, е должно за тоа да ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата или Јавното обвинителство на Република Македонија. Напомена: Ова е официјално…

Дали лицето за јавни набавки може да го одбие извршувањето на наредбата и упатството, ако истото е спротивно на Законот за јавните набавки ?
Да, лицето за јавни набавки согласно со член 33 став 3 од законот, е должно во писмена форма да го одбие извршувањето на наредбата и упатството од одговорното или други раководни лица кај договорниот орган, ако истото е спротивно на Законот за јавните набавки. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Одговорното лице и другите раководни лица кај договорниот орган, наредбите и упатствата на лицето/лицата за јавни набавки, во каква форма треба да им ги даваат ?
Согласно со член 33 став 2 од законот, одговорното лице и другите раководни лица кај договорниот орган се должни на лицата за јавни набавки сите наредби и упатства да им ги дадат во писмена форма или со користење електронска пошта. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.