Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите што се составен дел на понудата (техничка и финансиска понуда и изјави) задолжително треба да биде овластениот потписник на правното лице (економскиот оператор) или лице овластено од него. Дигиталниот сертификат треба да му биде издаден на правното лице (економскиот оператор кој поднесува понуда) од регистриран издавач…
Категорија: Совети за понуди

Кои документи во постапката за јавна набавка економскиот оператор треба да ги потпише со дигитален сертификат ?
Со квалификуван сертификат за електронски потпис се потпишуваат документите што самиот економски оператор ги составува. Останатите документи кои се бараат во постапката, а кои се издадени од надлежни органи се приложуваат во оригинална електронска форма или во скенирана форма доколку се издадени во хартија. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Кога понудата се смета дека е потпишана со валиден дигитален сертификат ?
Електронски поднесената понуда има валидност и доказна сила еднаква на понуда која е доставена во хартиена форма кога е потпишана со користење на квалификуван дигитален сертификат издаден од регистриран издавач на сертификати. Дигиталниот сертификат мора да биде издаден за правно лице. Прифатливи сертификати се сите оние кои ги задоволуваат стандардите за квалификуван дигитален сертификат согласно…

Како да потпишам pdf документ ?
Потпишувањето на *.pdf документи може да се изврши на повеќе начини и со различни програми. Доколку поседувате лиценца од Adobe Acrobat Pro можете да ги потпишувате *.pdf документите со него. Потпишувањето на pdf документи може да го направите и со помош на Jsignpdf (бесплатна – open source програма), истата може да ја преземете на следниот…

Кои документи се потпишуваат со дигитален сертификат во случај на групна понуда ?
Во случај на групна понуда, носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма….

Дали понудата од економски оператор кој учествува во електронска постапка како правно лице, може да биде потпишана со дигитален сертификат на физичко лице ?
Согласно Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис „Сертификат е потврда во електронски облик со кој се потврдува врската меѓу податоците за проверка на електронски потпис со одредено лице, носителот на сертификатот и идентитетот на тоа лице“. Со видовите сертификати кои се издаваат од страна на овластените издавачи на серификати во РСМ –…

Кај поедноставена отворена постапка ако економскиот оператор дел од договорот дава на извршување на подизведувач, дали изјавата за способност треба да биде дадена од економскиот оператор или од подизведувачот ?
При спроведување на поедноставена отворена постапка, согласно со член 49 став 3 од законот, економскиот оператор има слобода да бира дали ќе достави изјава за докажување на способноста или потребните документи за утврдување на бараната способност. Произлегува дека во оваа постапка, економскиот оператор во понудата ќе ги наведе подизведувачите и деловите кои има намера да…

Дали договорниот орган и за подизведувачот проверува дали постојат причини за исклучување од постапката, и дали се исполнети условите за квалитативен избор ?
Договорниот орган и за подизведувачот проверува дали постојат причини за исклучување од постапката, и дали се исполнети бараните услови за квалитативен избор. Треба да се има предвид дека во однос на условите за квалитативен избор договорниот орган треба да провери дали предложениот подизведувач ги исполнува релевантните критериуми за утврдување на способноста, односно оние услови што…

Доколку понудувачот користи подизведувач при извршување на договорот за јавна набавка, што треба да наведе во понудата ?
Понудувачот во понудата: ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи; доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи; доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа. Напомена: Ова е…

Кои документи треба да се прикачат од Подизведувачот за да може понудата да биде прифатлива ?
Доколку понудувачот, согласно со член 118 став (2) од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.87/21), користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата: ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели…