Склучениот договор за јавна набавка има важност до целосното реализирање на договорот (временско, вредносно или количинско). Според тоа, договорот за јавна набавка, се смета за исцрпен во моментот кога ќе биде целосно временски, вредносно или количински реализиран. Оттука, по реализирање на договорот (па само и финансиски или количински или временски), договорниот орган за задоволување на…
Категорија: Склучување/Изменување на договор

Ако дојде до раскинување на договорот заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, како ќе постапи договорниот орган ?
Ако дојде до раскинување на договорот за јавна набавка заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, согласно со член 112 став 5 од законот, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда. Доколку, понудата на следниот рангиран понудувач е повисока од…

Во случај на измена на договорот за време на неговата важност согласно со член 119 од законот, како да се утврдат цените на непредвидените и/или дополнителните позиции ?
Начинот на утврдување на цените на непредвидените и/или дополнителните позиции, не е пропишан со Законот за јавните набавки. Што значи дека во конкретниов случај би требало да се примени добрата пракса и професоналните практики кои постојат во областа на градежништвото. Така, при утврдување на „цените на непредвидените и/или дополнителните позиции“, пред да се побара цена…

Дали треба да се измени одлуката за јавна набавка со цел да се зголеми вредноста на набавката за 20%, во случај кога се исполнети условите од член 119 за измена на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност ?
Постапката за јавна набавка согласно со член 128 став 1 од законот, завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. Од наведеното произлегува, дека по завршување не постапката одлуката за јавна набавка не може да се менува во фазата на реализација на договорот. Договорниот орган согласно со член 117…

Дали при реализација на договор за јавна набавка на работи и при појава на вишоци треба да се примени член 119 од законот ?
Согласно со член 117 став 3 од Законот за јавните набавки, на одговорноста на договорните страни за исполнување на договорните обврски, покрај одредбите од овој закон, соодветно се применуваат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка. Оттука, начинот на постапување во случај на вишоци…

Дали во текот на реализација на договорот ако носителот на набавката открие слабости во техничката документација (која била дел од тендерската документација), може да побара истите да се исправат ?
Договорот за јавна набавка согласно со член 116 став 2 од законот, се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата. Истовремено, договорните страни согласно со член 117 став 1 од законот, го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда. Имајќи го предвид изнесеното,…

Дали носителот на набавката може еднострано да го раскине договор и кој би биле последиците ?
На одговорноста на договорните страни за исполнување на договорните обврски, согласно со член 117 став 3 од законот, покрај одредбите од овој закон, соодветно се применуваат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка. Во однос на раскинување на договорот предвид треба да се имаат…

Доколку договорниот орган еднострано го раскине договорот за јавна набавка заради ненавремено и неквалитетно извршување на договорот, кои би биле последиците по носителот на набавката ?
Со Законот за јавните набавки не е предвидена можност договорниот орган да издаде негативна референца во случај кога договорот за јавна набавка се раскинува и се активира банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Дали и во колкав процент е дозволен анекс на основниот договор со оглед дека истиот е склучен пред два месеци и истекува на крајот на годината, или е подобро да се објави нова постапка бидејќи може со анексот да се надмине вредносниот праг на постапката ?
Договорот за јавна набавка согласно со член 119 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.87/21), во текот на неговата важност може да се измени без спроведување нова постапка за јавна набавка доколку е исполнет некој од условите наведени во став (1) точки 1,…

При реализација на договорот, носителот на набавката наместо понудениот модел (кој што повеќе не се произведува и за што поседува потврда од производителот), за иста цена нуди модел кој што е со исти технички карактеристики а со подобри перформанси, дали е ова прифатливо за договорниот орган ?
Договорот за јавна набавка согласно со член 119 став 1 точка 3 и 5 од законот, може да се измени без спроведување нова постапка за јавна набавка во случај доколку промената е потребна поради околности кои договорниот орган не можел да ги предвиди и суштински не се менува природата на договорот за јавна набавка, или…