Групна набавка согласно со член 62 став 1 од законот, се врши координирано преку еден договорен орган во име на група договорни органи, по претходно склучен договор за извршување групна набавка. Оваа одредба овозможува одреден степен на централизирање на набавките на начин што договорните органи сами се групираат и сами одлучуваат кој од нив ќе…
Ознака: Групна набавка

При спроведување на групна набавка, во годишниот план за јавни набавки која проценета вредност се внесува (на вкупната набавка или на делот кој е наменет само за сопствени потреби на договорниот орган ?
При планирање на групна набавка, согласно со член 5 од Правилникот за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр.64/19), во годишниот план за јавни набавки се внесува проценетата вредност само на сопствената набавка. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.