Електронска аукција согласно со член 59 став 2 од законот, може да се користи само ако техничките спецификации се прецизно дефинирани кај отворена постапка, ограничена постапка, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување оглас, набавка од мала вредност со објавување оглас и поедноставена отворена постапка, како и при повторно прибирање понуди кај рамковна…
Ознака: Електронска аукција

Дали договорниот орган е должен да спроведе електронска аукција на која ќе добие нови цени коригирани надолу ?
Не, договорниот орган согласно со член 59 став 1 од законот, може (но не мора) да користи електронска аукција на која ќе добие нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите, при што аукцијата се структурира како повторувачки електронски процес, кој следи по целосна првична евалуација на понудите и овозможува рангирање…

Доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, дали договорниот орган треба да спроведе конечна цена ?
Не. договорниот орган нема таква можност. Имено, согласно со член 59 став 16, доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да се спроведе. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.

Кога не може да се користи Електронска аукција ?
Согласно со член 59 став 3 од законот, електронска аукција не се користи кај јавните набавки на одредени услуги или работи чиј предмет се интелектуални услуги кои не може да се рангираат со методите за автоматска евалуација. Напомена: Ова е официјално мислење превземено од Биро за јавни набавки.