Со оглед дека способноста кај поедноставената отворена постапка се докажува со изјава за способност или со документација за утврдување способност, субјектот кој ја дава поддршката треба да постапи на ист начин како и понудувачот, односно во понудата треба да има изјава за способност од субјектот што дава поддршка. Изјавата за способност на понудувачот не ја…
Ознака: Користење на способност од други

Договорниот орган има потреба од набавка на услуги – изнајмување на цистерни, а како минимален услов со кои ќе се увери дека економските оператори ги имаат потребните технички ресурси за квалитетно извршување на договорот бара економскиот оператор да има на располагање цистерни. Економскиот оператор доставува договор за деловно техничка соработка со друг субјект за да докаже дека располага со цистерна. Дали ова се смета за користење на способност од друг субјект ?
Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти, без оглед на правните врски помеѓу нив. При тоа, договорниот орган согласно со член 92 став 1 од законот, може да утврди минимални услови со кои…

Дали економскиот оператор во постапката за јавна набавка може да користи референтна листа од друг субјект ?
Економскиот оператор согласно член 96 став 2 од законот, може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата…

Дали економски оператор во постапката за јавна набавка може да ја користи способноста на друг субјект во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство ?
Економски оператор согласно со член 96 став 2 од законот, во постапката за јавна набавка може да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува…

Дали во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите во делот на способноста за вршење на професионална дејност – поседување на лиценци или дозволи за вршење на предметот на набавка, економскиот оператор може да користи способноста на други субјекти ?
Економскиот оператор во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност може да користи способноста на други субјекти. Законот не предвидува можност заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на способност за вршење професионална дејност, економскиот оператор во…

Кога во постапката за јавна набавка, економскиот оператор заради исполнување на условите за квалитативен избор користи способноста на други субјекти, за субјектот чија способност се користи што проверува договорниот орган ?
Договорниот орган во постапката за јавна набавка треба да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување од постапката. При тоа, договорниот орган во конкретната постапка ја проверува исполнетоста на условите за кавлитативен избор во делот на способноста која е…

Што се смета за валиден доказ со кој субјектот на економскиот оператор му ги стави на располагање соодветните ресурси ?
Договорниот орган е тој кој во тендерската документација треба да ги наведе сите неопходни информации за конкретниот предмет на набавка со цел економските оператори да може квалитетно и навремено да ја изготват и поднесат својата понуда, односно да го дефинира документот кој ќе го смета за валиден (договор за деловно-техничка соработка, изјава заверена на надлежен…

Во случај кога физичко лице се јавува како субјект чија способност економскиот оператор користи, којa од причините за исклучување утврдени во членот 88 ги проверува договорниот орган ?
Договорниот орган ги проверува оние причини за негово исклучување од постапката, за кои физичкото лице може да достави докази (на пр, изјава дека во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое ги има елементите на кривичните дела определени во член 88 став 1, потврда дека не му…

Дали економскиот оператор во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите во делот на техничката или професионалната способност, може да ја користи способноста на физички лица ?
Економски оператор согласно со член 2 став 1 точка 6 од законот, е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки, услуги или работи. Од изнесеното произлегува дека и физичко лице може да се јави како субјект…