Во обрзаложението на Решение бр. 09-175/11 од 09.03.2022 година, донесено од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки, се утврдува следната фактичка состојба: “Државната комисија жалбените наводи кои се однесуваат на тендерската документација во однос на предвидената Лиценца за слободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници ги смета за основани….
Ознака: Професионална дејност

Дали мострите може да се предвидат како дел од техничките спецификации согласно член 82 од законот, од причина што во постапките од мала вредност , освен способноста за вршење професионална дејност не смее да се утврдуваат други услови за способност ?
Во случај на јавна набавка на стоки или услуги со техничките спецификации согласно со член 2 став 1 точка 27 од законот, се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка…

Во постапката за јавна набавка учествува и група на економски оператори, а дел од групата се и странски економски оператори. Со оглед дека се бара важечка лиценца за изведба на работи и овластувања за техничкиот кадар, дали може да се прифатат важечките лиценци и овластувања издадени од земјата во која странските економски оператори се регистрирани ?
Согласно со член 90 став 2 од законот, при утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка. Постојат одредени дејности за кои е…

Дали доказот со кој економскиот оператор ја докажува способноста за вршење професионална дејност, не смее да биде постар од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди или пријави за учество ?
Не. Оваа обврска согласно со член 95 став 6 од законот, се однесува само на документите со кои се докажува дека не постојат причини за исклучување не економскиот оператор од постапката и истите не смее да бидат постари од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди или пријави за учество. Напомена: Ова е официјално…